ОД КАНОНИЗАЦИЈАТА НА АРХ. ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИ - Соборен храм, Скопје (23.09.2017)
Пожелувајќи го градот што е на небото* и кој трае во веки, уште од младоста своја* сладостите светски си ги презирал* и крстот Исусов на рамо* си го подигнал, отче Јоаникие,* подражателу на преподобните.
На Пантелејмона, целебникот и бесребреникот,* си ја нашол обителта, како место за подвиг* и таму си се борел со послушание,* пост и постојана молитва,* што ти ја сладеа душата ревносна,* отче, на Господа благоугоден.(обновено)