Преподобен Нил Синајски – Мисли и поуки (1)
Божјите свети луѓе бегале од градовите, бидејќи знаеле дека општењето со грешните развратни луѓе се одразува врз нив пострашно и од најстрашната заразна болест. Пророкот Илија, напуштајќи ја Јудеја, живеел во Кармилската планина, која била ненаселена и полна со диви ѕверови. И Елисеј, неговиот ученик, се угледал на својот учител, и го возљубил пустинскиот живот.