Томас Хопко - ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ КРСТ
Иако празникот Крстовоздвижение, возникнал како политички, тој има особено значење во Црквата во нашиве денови. Тој останува за нас ден на постење и молитви, ден кога споменуваме дека Крстот е единствен симбол, достоен на нашата безусловна верност, и дека нашето спасение не зависи од било какви земни победи, туку единствено од вистинската и неизбежна победа на Христовото Распетие и нашето сораспетие со Него.