
Знаеш, простувањето не значи дека ги оправдувам работите што ми ги направиле.
Тоа значи дека одбивам мојата рана да одлучува како ќе живеам.
Твоите родители, најверојатно, го дале она што знаеле и можеле.
Но тоа не значи дека не те повредиле.
И двете вистини можат да постојат истовремено.
Но вистинското прашање не е само што ти направиле тие.
Вистинското прашање е:
Што ќе направиш ти сега со таа рана?
Зашто раните имаат необичен начин да преживуваат.
Се пренесуваат од поколение на поколение, не затоа што луѓето се зли, туку затоа што болката што не е исцелена секогаш бара ново срце во кое ќе се всели.
Токму тука се крие големата можност во твојот живот.
Не да добиеш совршени родители во минатото – тоа е невозможно.
Туку ти самиот да станеш поинаков човек во сегашноста.
Христос не дојде само за да ни ги прости гревовите.
Дојде и да ги скрши синџирите што го држат човекот заробен во неговото минато.
Затоа простувањето не е заборавање.
Тоа е одлука злото да не продолжи, преку твојот живот, да ги повредува и другите.
Немој секој ден да се прашуваш зошто не си бил сакан онака како што ти било потребно
.Наместо тоа, запрашај се:
„Како можам денес да го сакам своето дете, за еден ден да не мора да ги лекува раните што јас не сум имал храброст да ги исцелам?“
Таму започнува вистинското простување.
Не тогаш кога ќе се промени минатото,туку тогаш кога минатото ќе престане да ја одредува иднината.
Христос не дојде само за да ни прости.
Тој дојде да ни даде сила да не ја пренесуваме понатаму болката што сме ја наследиле.
Нашиот живот да стане местото каде што ќе заврши наследството на раната, а ќе започне наследството на љубовта.—
о. Ливиј
За Премин портал Симеон Стефковски
19.07.2026


























