Марија Гиревска: „Улис“ ме научи како да го читам и него и кој било друг писател
Да се познава теологијата, и посебно Светото писмо, е неопходно за да може да се чита и да се разбере европската книжевност… Преводот на „Улис“ ме научи како вистински да го читам и него и кој било друг писател по него. Со преводот на „Улис“, Џојс е единствениот писател што ме натерал одново да ја пречитувам Библијата. Во крајна линија, теологијата е тесно поврзана со книжевноста – вели Марија Гиревска -преведувач, теоретичар, есеистичар.