Молебен канон на Пресвета Богородица (се кажува во секоја неволја и душевна тага)
Застапништвото и заштитата на својот живот Ти ги препуштам Тебе Дево, Богородителко, Ти упати ме кон Твоето пристаниште, причино на добрините, снаго на верните, единствена најславена.
Те молам, Дево, да се стиши душевниот немир и бурата на мојата тага, зашто Ти, Богоневесто, си Го родила Христа, Господарот на тишината, единствена Пречиста.