Монах Мојсеј Светогорец († 2014): Молчанието кое зборува (втор дел)
Верникот е повикан да се поучи од поучното и мудрото слово на молчанието. Свесното одбивање да се зборува е израз на искуство. Човек молчи среде голема радост; не наоѓа соодветни зборови за да ја изрази. Тој молчи и во длабоката болка. Не наоѓа зборови; ги претвора во топли солзи. Што може човек да ѝ каже на мајка која го погребува своето мало дете? Искрено признавам дека се лутам кога слушам банални зборови, возвишени, понекогаш бездушни, дури и сурови кон страдалната мајка.