Стефчо Беќарски: ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН
Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива и гледа своите гревови. Кога ќе открие еден грев, тогаш на чуден начин тој почнува да гледа уште еден и уште еден, кои дотогаш не ги забележувал.