Чудата на Свети Лука (Воено-Јасенецки)
Целиот живот на Црквата е чудо. Наоѓајќи се во лоното на Црквата, верните христијани, стануваат учесници во големите чуда. Тие живеат, постојано чувствувајќи го присувството Божјо. Тие се крштеваат во името на Света Троица и стануваат членови на Телото Христово. Тие се соединуваат со Телото и Крвта Христови во Светата Тајна Евхаристија и стануваат едно Тело и една Крв со Христа. Многу често во својот живот христијаните се сведоци на чудесното јавување на Божјата благодат.