Свети Исак Сирски: За искушенијата
Има и еден друг вид искушенија. Тоа се искушенијата поради малодушност и недостиг на трпеливост. Секоја тешка положба и секоја жалост, ако немаме трпеливост, водат кон двојно измачување, бидејќи трпеливоста во човекот ги одбива страдањата, а малодушноста е мајка на измачувањето. Трпеливоста е мајка на утехата и сила која му дава широчина на срцето.