Митрополит Струмички Наум - Педагошки однос (28.10.2017)
Духовниот отец треба да го процени видот на односот што човекот го негува или има кон Бог и со соодветен „јазик“ и однесување кон него да му помогне во неговото духовно растење од роб, преку наемник до чедо Божјо. Без оглед на соодветниот „јазик“ и однесување, духовниот отец мора да ја сочува својата љубов кон човекот.