За светата причест
Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, има кажано за Светата Тајна Причест: „Вистина, вистина ви велам: Ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, немате живот во себе. Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето Тело е вистинска храна, а Мојата Крв е вистинско питие. Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, ќе живее во Мене и Јас во него. Како што Ме прати Живиот Отец и Јас живеам заради Отецот така и тој што Ме јаде Мене, ќе живее заради Мене“. (Јов. 6, 53-57)