Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост
Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја одречат, или да ја игнорираат – мислам на луѓето коишто не веруваат во суштествувањето ниту на ангели, ниту во демони, да не кажам ни во Бога – сепак, неоспорен факт е дека таа постои. Во една прилика, еден доктор, искусен психијатар од душевната болница во Слепче, ми раскажуваше токму за ова. Имено, самиот тој, од своето долгогодишно работно искуство со секакви