Д-р Ѓоко Ѓорѓевски: „СОВРЕМЕН РОМАНСКИ ИКОНОПИС“ (25.04.2017)
Иконата – тоа е откривање на вечноста во времето. Иконата јавува, таа е објавител на Царството Христово, на обожена твар и на преобразеното човештво, кое со својата личност Самиот Христос го јавил. Преку иконата, во видливото се набљудува невидливото, во временото – вечното.Тоа е затоа што иконата не е едноставна слика на природниот аспект на личноста, но е издигната на ниво – на претстава на идниот век и свет.