Во Струмица, ќе пристигне копијата на чудотворна икона на Пресвета Богородица „Брзопослушница“
Во 13:00 часот Иконата ќе биде пречекана на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, а потоа со свечена литија ќе биде пренесена во Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, каде што и ќе остане засекогаш. Молитвено учество во свеченото торжество ќе земе и Свештената Бигорска Обител, со својот Старец, Архимандрит Партениј.