А кога браќата се љубат помеѓу себе, тие и не сакаат за долго да бидат оддалечени еден од друг, туку заеднички да пребиваат во љубовта Христова, заеднички величајќи го Неговото Име. Во овој евангелски дух, на 20 и 21 јуни 2022 година, се случи и посетата на Патријархот Српски г.г. Порфириј на нашите древни светињи, изградени покрај водите на прекрасното Охридско Езеро.
И така, опфаќајќи нѐ од сите страни, ги спречува стрелите што доаѓаат однадвор да се допрат до нас, бидејќи Тој е нашиот дом; а сѐ што внатре е нечисто, Тој го исфрла надвор, затоа што како негов жител го исполнува целиот дом. Навистина, не заедничариме во нешто што е Негово, туку во Него Самиот; и не примаме во своите души некакви зраци и светлина, туку го примаме самото Сонце;
Една добра помисла има иста сила како повеќечасовно бдение! Толкава сила има добрата помисла. Исто како што денес некое ново оружје со ласерските зраци го запира проектилот во базата, спречувајќи го неговото лансирање, така и добрите помисли ги пресретнуваат и ги блокираат лошите помисли на ѓаволските „аеродроми" откаде што тие поаѓаат.
И така, кога падна селото на колена, кога си отвори рани ко зрела мешунка, душманот собра сѐ што најде по куќите. Ги јагленисаа плевните и амбарите, гранапите, еснафските дуќани, визбите и скришните одајчиња на таваните. Вриеше како во мравјалник. Сѐ што беше вредно ни зедоа, и чест и мировина, ни грабаа скриени од под мишки подварени зрнца грав и чубрика, од уста тутун
Иконата треба да биде онаа алка што ќе го спои современиот човек со вечноста.
Нејзината основна смисла е духовната суштина и
благодатта што излегува преку неа како светлина низ прозорец.
Секако дека Црквата е секогаш модерна. Таа не припаѓа само на минатото, ниту на сегашноста, ниту на иднината. Припаѓа на вечноста. Во таа смисла, таа е безвременска и се труди да биде секогаш актуелна, да ги сподели сите проблеми, сите искушенија, сите неволји, но и сите радости со кои се соочува секој човек додека живее во ова време. Освен тоа, токму поради тоа што е безвременска и,
Кога не ги крадеш, а тие тебе те крадат? Кога ги благословуваш, а тие тебе те проколнуваат?
Кога им даваш милостиња, а тие, за возврат тебе ти нанесуваат неправда?
Ти ги фалиш, а тие те осудуваат? Доаѓаат без никаква причина за да те разобличат,
Никогаш нема да се разболи, никогаш нема да заплаче, никогаш нема да пострада.
Болеста е голем благослов и голем дар од Бога! Не е казна. Тоа е, како да ни вели Бог:
Си заработил една лотарија, која ќе ти биде исплатена во рајот!
И јас ги благословувам и не ги колнам. Непријателите повеќе ме истуркаа во Твојата прегратка, отколку пријателите. Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме одврзуваа од земјата, и ги рушеа сите мои надежи во земјата.
Тие ме правеа странец во земските царства и непотребен жител на земјата.
Како што гонетото животно наоѓа посигурно засолниште, отколку негонетото, така сум и јас,
Што е Богочовекот Христос: што е Бог во Него, а што човек? Како се познава Бог во Богочовекот, а како човекот? Што ни даруваше Бог, нам луѓето, во Богочовекот и со Богочовекот? Сето тоа ни го кажува Светиот Дух – „Духот на Вистината“: ни ја покажува целата Вистина во Него – за Бог во Него и за човекот, и што сѐ ни е подарено со Него? Е тоа бескрајно надминува сѐ што човечките очи некогаш виделе, ушите чуле, а срцето претчувствувало.
За апостолот Црквата не е само „едно тело“, туку и „еден Дух“. И овде се подразбира не само едномислие, туку и еден Божји Дух, Кој проникнува низ целото тело, како што и сведочат светите Отци, учителите на Црквата. „Што е тоа единство на Духот?“ – прашува св. Јован Златоуст и одговара: „Како што во телото Духот сите ги опфаќа и соопштува некакво единство на
„А светителот, погледнувајќи ме, откако се сети на напорот низ кој со него поминав и сфаќајќи ја причината поради која трпев глад и жед, бидејќи беше, како што реков, украсен со дарот на прозорливост, кон мене почувствува големо сострадање и ми рече со укор: ‘Јади, чедо, и пиј, и отсега не тагувај. Зашто да не сакаше Бог да те помилува, немаше да благоволи да дојдеш со
Кои се, значи, одликите на Светителот? Најпрво би рекол дека Светителот постои и може да постои исклучиво во Православната Црква. Надвор од Православната Црква, навистина, може да има многу добри луѓе, но не и Светители, онака како што ние ги сфаќаме. Бидејќи Светител не е човек кој просто поседува добродетели или кој, низ аскетско восовршување, научил да се контролира себеси и својата психосоматска моќ.
Животниот пат на светиот Јоаким Крчовски може да кажеме дека е поделен во две патоказни варијанти од кои едната се потпира на предание, кое подоцна не е верификувано од страна на науката и фактографски е побиено, а тоа е кажување од страна на Кирил Пејчиновиќ дека во