Ми кажаа дека русите имаат посебни молебни служби каде се молат за Русија. Имаат свои тропари, канони и химни за Русија и ги пеат во црква. Имаме ли ние тоа за нас?
Светителите канонизирани не се помесни светители, туку се сеправославни и нивното величание е во целата вселена, над сите народи, над целиот род човечки.
Односно над целиот Адам.
И кога сега тие се молат, се молат за целиот род човечки, без исклучок, поучувајќи се од Христа Кој се даде Себеси за измена на смртта, и тоа го направи за секој човек праведник или грешник, роб или слободен.