"Ве повикувам кон многу повисок лет, кон целосна самопожртвуваност, кон акт на смелост (храброст), кои го повикуваат на предизвикувачка средба здравиот разум. Ве повикувам кон Бога, кон Тој, Кој го надживеа светот за да можете да го спознаете бескрајниот рај на духовната радост, рајот, кој вие го барате прпелајќи се во вашиот личен пекол и во состојбата на неосознаен бунт...
Исус секогаш ве љубел, а вие сега имате можност да изберете дали ќе одговорите на Неговиот повик. Одговарајќи, вие ја прифаќате жрепката да одите и принесете плод, кој ќе се зачува; да бидете пророци на Христос во светот, во кој живеете; да го љубите својот ближен како самите себеси и сите луѓе да ги направите свои пријатели. Со секој чекор да ја објавувате единствената и безгранична љубов, која го вознесува човекот од позицијата на роб до стадиум на Божји пријател; за да бидете пророци на таа ослободителна љубов, која спасува од сите окови, враќајќи ви ја вашата целовитост од мигот кога ќе Му се принесете себеси на Бога.“ - о. Георги Калчу