Излезе од печат новиот број на Огледало (02.05.2015)
Во издание на Тетовско- гостиварската епархија излезе од печат четвртиот број од епархиското списание „Огледало“
Во издание на Тетовско- гостиварската епархија излезе од печат четвртиот број од епархиското списание „Огледало“
Непрестајната молитва и благодарењето кон Бог за сѐ што ни се случува се условите за нормален живот. Ако човекот не Му благодари на Бог за сѐ, тој не може ни да се моли... треба да биде задоволен со сѐ што се случува, било тоа да доаѓа од него самиот или од заедницата, или од непријателите, или од демонот. На пример:
Човекот –каква тајна е тоа? Гледаме дека човекот по својот телесен состав е сличен на другите суштества, но тајната е во тоа што тој не и припаѓа само на земјата, туку и на вечноста. Господ го создава човекот и во него вдахнува „дух животен“. Тоа е човечката душа.
Утрото, се шири мирисот на утринско кафе и топла ракија, и започнува новиот ден на прослави… Чекај, чудните луѓе излегуваат од црква – кога стигнаа да отидат и да се вратат? Зарем не им беше доста вчерашната молитва? Пак и во болница заминуваат. Ќе ги посетувале болните… Чудно ја помешале традицијата.
Речено е: храм се гради со душа и храм се урива со душа! Храм се гради кога во себе се носи храмот, кога се живее според законите и според заповедите на верата, а се урива кога храмот ќе исчезне и ќе се одѕида од човековата душа.
Долго време немало дожд во Лесново и селаните дошле да го молат отец Гаврил да се помоли на Бога да им испрати дожд. „Дојдете, ајде сите да се молиме на Бога…“ и среде молитва, за чудо и радост на сите започнало да врне дожд. Селаните започнале да му благодарат за молитвите, а отец Гаврил им се обратил скромно со зборовите: „Никогаш не ги препишувајте чудата на себе… Не сум тоа јас…“
„Сето тоа што се случи беше една борба помеѓу доброто и злото.
Беше една проверка. Битката беше во нашите срца.
Но нашето срце не беше некое географско поле, туку ова поле на нашето срце требаше да навалува де на една, де на друга страна, кон победата на пеколот или кон победата на рајот.
Секој човек ја бара вистината, го бара животот, бара од каде дошол и каде треба да оди. Ќе се осмелам да ги приведам зборовите од мојот духовник: „Ниту еден човек не сака да греши“.
Јас се изненадив, затоа што знаев дека сите сакаме да грешиме, но тоа е забрането.Тоа не е вистина! Човекот не го бара гревот. Гревот – е искривување на природата. Гревот.
„Ние не постоиме поради протест кон властите на некоја земја или поради несогласувањето со некој епископ. Воскресението не е симбол на уневерзалното братство меѓу народите. Литургијата не е политичка демонстрација во служба на човековите идеи, иаоко дефинитивно содржи визија за човечкиот род, неговата земна и небесна судбина, која мора да ја научиме...
5. Зборувај за своите проблеми со најблискиот човек.
6. Бог делува. Ти, исто така, делуваш. Значи чувствуваш, мислиш, сакаш, имаш желби. Само за момент запри, насочи се кон делувањата твои, види ги, и предај му ги на Бога.
Не мисли дека можеш брзо да се научиш на духовен живот; тоа е уметност над уметностите; не само теорија, но и практика е потребна, а во неа ќе има многу и препнувања и станувања. Пишуваш дека срдечно те заболело моето изобличување, што „дури во глава те удрило“.
Kога некој одлучи да води духовен живот, најпрво што треба да направи, е да се раздели со логиката, доколку сака да напредува. Животот по логика и духовниот живот се две сосема спротивни состојби, кои се спротивставуваат една со друга.
Оној, кој живее духовно, не ја користи логиката (т.н. ‘здрав разум’.)
...Да биде волјата Твоја – Родителот знае што треба да му даде на своето дете. Детето пак, колку повеќе има доверба во родителот, толку е и помирно, а неговите барања помали. Господ ни дава се што е потребно, ние само треба да веруваме дека се’што ни се случува е по Негова волја и е најдоброто за нас. А што ние правиме? Зар не се жалиме и роптаме при секое едно искушение покажувајќи неправилен однос кон Бога,...
„Еве го најкраткиот и најлесниот пат кон спасението:
биди послушен,
воздржувај се, не осудувај,
Наоѓајќи се во овие Пасхални радосни денови, кога сета вселена, со сите созданија Го прославува најголемото собитие во историјата на човечкиот род, светлото и победоносно Христово Воскресение, и ние денеска имаме повод и причина да се радуваме и да се веселиме. Наоѓајќи се во оваа свештена македонска лавра, богата со илјада годишна традиција, а посветена на светиот Јован Крстител и Претеча Господов, попознат како Бигорски манастир,...
Соожа прот во Бигорски се опожари една од најголемите, една од највелелепните наши духовни и материјални градби. Се опожари најмајсторската мајсторија на неповторливите дебарски мајстори, изгоре дел од нашата неимарска гордост, изгоре Горни Палат со сите накитени убавини: изгореа трпезариите и гостоприемните одаи, изгоре манастирската библиотека, изгореа монашките келии, изгореа со векови создадените дела на игумените...
Бигорскиот манастир е принос на нашиот народ за Бога, сведоштво за неговата пламена вера, ламбада која гори пред Престолот Божји за нашата многустрадална Татковина. Вековите сведочат дека секогаш кога Бигорското светилиште доживувало воскресение, тоа истовремено значело и духовно, интелектуално и морално издигнување на нашиот народ.
Свечениот чин на осветувањето, кој беше внимателно следен од повеќе илјадниот народ што пристигна во манастирот, беше проследен и со церемонија на свечено доделување на црковни одличија и благодарници. Тоа беше единствен момент нашиот Старец, Архимандритот Партениј, најзаслужната личност за сеопштото бигорско воскресение, во своето духоносно слово да...
Светогорскиот старец Силуан, на пат кон Света Гора, плете бројаници. Спроти него, млади светогорски поклоници играат на нивните видеоигри.
Христос воскресе!
На 23 април 2015 година, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, заедно со ктиторите г. Страшо Јакимовски и г. Тони Каранфиловски, како и градоначалниците на општина Ранковце г. Момчило Алексовски и на Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски го посетија манастирот во изградба, посветен на Пресвета Троица во селото Петралица, на местото викано Кутлев Крст.