логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Гледај во душите на луѓето, а не во нивните облеки-Архимадрит Андреј (Конанос)

Господ вели-˶возљуби го ближниот како себе си˝ (Мат. 25:39). Тоест, сакај го другиот и разбери го другиот, како што себеси се сакаш и разбираш. Се сакаме ли себеси? Да се сакам себеси не означува, дека еден час се гледам пред огледалото-го немам предвид тоа,-туку дека се уважувам и се ценам себеси, се грижам за себеси. Моето јас не е за фрлање на ѓубрето, зашто Бог го сака моето јас. Она кое Бог го сака, треба и јас да го засакам и да го разберам-мојата душа, моите потреби, моите желби, мојот карактер. Нема да го засакам мојот егоизам, но, ќе се обидам да разберам што крие. Како човек сепак ќе се сакам себеси, ќе си ја сакам душата, затоа и се грижам за неа, затоа и одам на црква, за да си помогнам себе си. Тоа значи-се сакам и разбирам себе си.

Во секој случај разбирањето е нашето вистинско, правилно однесување. Нашите души се сакаат и разбираат помеѓу себеси. Но, од мали деца сме израснале со различни совети, кои се упатиле кон нашиот ум и кои ни кажувале-тој е добар, тој е лош, таму да зборуваш, таму да молчиш, тоа се лукави луѓе, тоа се лоши луѓе, тие се добри...Кога го слушаме тоа могу пати, умот започнува да ги поставува луѓето во категории и не можеме да љубиме, како што љубевме како мали деца. Тогаш сите ги разбиравме и сите ги прегрнувавме. И гледаш, дека во малото дете нема ниту лукавство ниту дистанца. Ако две братчиња се скараат, по половина час веќе повторно си играат, се сакаат. Сѐ заборавиле, иако пред малку едното го удрило другото и му потекло крв од носот. Но, сега го заборавило тоа,  Душата не му крие злоба.

Всушност колку повеќе расне, умот се исполнува со страсти. Таму е проблемот-во нашиот ум. Започнуваме да не ги разбираме другите до нас, туку ги поставуваме во шаблони, им поставуваме табели, етикети и едните ги цениме, а за другите се затвораме и не ги сакаме. ˶Сакам˝ повеќе пати означува-имам потреба од тебе, те контролирам. Така правиме ние. Сакам некого, затоа што ми помага. Покажав малку љубов кон еден човек и тој ми рече: -˶Ела отче, кажи што сакаш. Да ти завршам некаква услуга? Да те одведам некаде?˝- ˶Зошто го велиш тоа?˝-˶Вообичаено, кога ме сакаат во животот, нешто бараат!˝ Испаѓа така, дека сакаш, само кога бараш финансиска или некаква друга корист од ближниот.

Љубовта постои заради љубовата и тоа е убавината на душата. Без, природно, да означува да не печалиш други нешта. Нема никој, кои љуби, а да не добива нешто во замена. Самиот Христос ни рекол-почитувај си ги татко ти мајка ти, за да живееш, долги години, за да оди добро твојот живот. За да оди добро, твојот живот, сакај ги мајка ти и татко ти-т.е.-пак имаш определена побуда.
 Љубовта сама по себе крие голема убавина и ни ја исполнува душата. Но, има некои луѓе во нашиот живот, кои ни е тешко да ги возљубиме и разбереме. Има многумина, кои се различни од нас во однос на мислењето, карактерот, изразувањето-она, кое што го нарекуваме менаталитет, кој секој го има. Гледаме луѓе, со кои не си одговараме многу и веднаш велиме-со него не можам да имам многу заедничко, не го сакам! А светителите кажуваат, што колку напредуваш духовно, белег за твоето духовно напредување е да можеш да прегрнеш се повеќе луѓе, најмалку во срцето и умот. Не реков да ги викнеш кај вас, да јадете заедно, да им поставуваш маса, туку срцето да не ти лепи етикети врз луѓето, да не ги поставува во разни категории и да не ги отфрла. Кога преуспеваме и напредуваме духовно, го љубиме целиот Адам. Христос го спасил целиот Адам и целиот Адам е целиот свет, т.е.- сите луѓе. Кога сум духовен човек, постепено ги разбирам луѓето со различни карактери и гледам во нивните души, не ги гледам облеките, не гледам како се облечени, што зборуваат, каков е нивниот надворешен изглед, туку им ги барам душите и ги љубам сите. Не ги распределувам луѓето по групи.

Се обидуваме да ги засакаме другите, кои имаат различни идеи од нас. Еднаш на една маса еден човек ми рече:
-Денес на оваа маса ќе имаме проблем-таму беше негов роднина, кои не верува многу во Бога, - Ти отче, ќе имаш проблем.
-Зашто да  имам проблем?
-Зашто тој не верува во Бога!
-А, па ништо де ако не верува!
-И сега што ќе правиме, што ќе разговараме?
-Нема да разговараме-треба ли да разговараме со него и да се скараме? Ќе јадеме, ќе пиеме, ќе кажеме други нешта-како ти оди работата, што ти прават децата, не е потребно да бараме повод, за да се скараме, затоа што другиот не е согласен со мене...


Не смета. Тоест-не е потребно нешто да стане повод за напрегнување и судир со луѓето. Немаат ли тие болка во животот, немаат ли деца, кои имаат тешкотии со учењето, нема ли некој болен во нивното семејство? Е, ќе изнајдеме допирни точки. Ќе говориме за Бог, без да разберат дека за Бог говориме. Нема да зборуваме како на проповед, а ако го разбереш другиот, ќе видиш, дека и тој има своја болка, свои проблеми и маки. Така ќе го разбереш.
Јас немам проблем-негово право е да не верува во Бог. Бог го љуби и му дава живот. А пак зошто јас до го отфрлам? Или јас не сум почувствувал сигурност во мене за верата и ме нервира тоа, што другите не веруваат? Кога веруваш и го живееш тоа, кое го веруваш, не те интересира дали другите се согласни со тебе. Тоа е нивно право и слобода. Не сум согласен некој да не верува, но не можам да го насилствувам за да верува.

Денес дојдовте тука, затоа што сакавте да дојдете. Кој не сакал, не дошол и никој не му додева. Тоа означува-љубов и разбирање на сите луѓе. И многу пати оние, кои не се согласни со нас и имаат различни мненија, во определени случаи може да мислат поправилно од нас. Помисли си-сега не говориме за Бог, но може и за Бог-за да не се случи дете мое, дека оној за кој велиш дека не верува во Бог, кога ќе сфатиш, да се покаже, дека верува во попоравилен бог од твојот? Детето може да вели-не верувам во Бог, и да има предвид-не верувам во бога на мајка ми, кој во неговиот ум е сврзан со казнување, караница, освета, строгост. Бог не е таков. И добро прави детето, што не верува. Ако разбереш, ќе видиш, дека има што да научиш дури и од своето дете, кое не е согласно со тебе во еден или друг момент. Но, за да го направиш тоа, треба да го разбереш своето дете, да проникнеш во него и за да стане тоа треба да бидеш флексибилен. А тоа означува-да не се инаетиш во своето мислење, дека ˶јас˝ знам сѐ, нема нема потреба да ме учиш, јас поучувам, а не бивам поучуван!


Преведе од бугарски: М.Б.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная