Спомен на свети Силуан Атонски (24.09.2015)
Господ ни Го даде Светиот Дух и ние ја научивме песната Господова, и од сладоста на љубовта Божја ја забораваме земјата.
Љубовта Господова е огнена и не ни дава да се сеќаваме на земјата.
Господ ни Го даде Светиот Дух и ние ја научивме песната Господова, и од сладоста на љубовта Божја ја забораваме земјата.
Љубовта Господова е огнена и не ни дава да се сеќаваме на земјата.
Преку својата пот, човекот се приближува кон Бога, затоа, ако сите негови мисли се за тоа, како повеќе да заработи – тој станува несреќен. Со тие мисли се хранат гордоста и егоизмот, а колку повеќе егоизам, толку човекот е понесреќен. Заради него ние и тонеме во осаменост. Луѓето се осамени во толпата, осамени во животот.
На 21.09.2015 година, кога го празнуваме раѓањето на Пресветата Богородица од неплодните, праведни Јоаким и Ана, во манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, беше отслужена Божествена Литургија.На литургијата богослужеше архимандритот Никола (Трајковски).
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан благоволи да служи Литургија во ставропигијалниот манастир Рождество на Пресвета Богородица во с. Калишта, Струга. Верниот народ, кој го имаше и од соседните држави, но и луѓе од друга вероисповед постојано доаѓаше да се поклони пред чудотворната икона на Мајката Божја, која оваа света обител ја чува уште од 14 век.
Да Ѝ благодариме на Пресвета Богородица што благоизволи да го обновиме овој преубав храм, кој е украс во овој крај и кој така хармонично се слеа во природните убавини што Бог ги дал овде. Да се помолиме да ни даде сили целосно да го завршиме, да го живописаме и најпосле осветиме, а за тоа ќе треба да придонесеме сите....
Неопходно е да водиме сметка за следното: да не, можеби, крстот и неподносливата болка произлегуваат од нашата сопствена злоба. Егоизмот, зависта, неправедноста, лагата, богатењето и пред сè, непокајанието, односно нашето свесно и цврсто врзување за злото, творат крст на којшто ние самите себе се распнуваме, а Бог да не го сака тоа. Човечката злоба, во секој свој облик, претставува смрт и мрак....
Во Новиот Завет, од отелотворувањето Христово, светите икони се почитуваат како свети сликовити свидетелства на преголемата тајна на вообличувањето на Бог Логосот во тело и обличје човечко; тие се Свето Писмо за неписмените; тие се место на присутност на благодатта Божја, заради што многубројни свети икони се и чудотворни и мироточиви.
Нашиот копнеж за средба со Воскреснатиот Господ и учеството во следење на Неговaта победа започнува од првиот ден во седмицата – понеделникот. Како што поминуваат деновите од седмицата, ние живееме со сеќавањето на изминатиот неделен ден, на изминатата мала Пасха, и во исчекување на денот недела што следува, во кој повторно ќе го живееме надминувањето на сопствената смрт и прeображението на својот сопствен живот во просторот на Царството Божјо.
Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за да ги утеши во нивното прогонство. Смртта му става крај на злото, инаку тоа засекогаш би постоело на земјата.Физичката болка нѐ предупредува на болест, за да се
Тој никогаш не сакаше да импровизира и да измислува некои нови работи за да импресионира или да создава свои следбеници и почитувачи. Секогаш се базираше врз светоотечкото предание, и ги имаше усвоено зборовите што своевремено преподобниот Јустин Поповиќ им ги кажал на своите духовни чеда: „Доколку ова што ви го кажувам е согласно со она што го кажуваат светите отци, тогаш прифатете го и следете го.
Севкупниот живот на овој избран сад Божји е невообичаен. Таа го добива името Марија, што значи испросена, односно, измолена од Бога. Нејзините родители, праведните Јоаким и Ана, ја раѓаат во стари години. Во години, кога според сите биолошки законитости, тие не можеле да имаат пород. Но, кога сака Бог ги победува природните законитости.
Со најнежна мајчинска љубов и со благодатта излеана од својот Син, Преблагословената и најсвета наша Мајка, онака како што може само Таа, таинствено ги покани и мајчински ги собра во Својот храм во с. Ростуше, Бигорскиот Старец, Архимандрит Партениј, заедно со браќата и сестрите од нашите Обители. Празничниот звук на камбаните ги донесе во храмот и благочестивите Ростушани,...
Секое време е погодно да се постави темел на спасителниот начин на живот. Укажувајќи на тоа, великиот Павле рече: “...дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме.... да ги отфрлиме пак сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
Денес сакам да ви говорам за молитвата. Молитвата - тоа е нашиот разговор со Бога. Во молитвата ние Го прославуваме Бога, Му благодариме и бараме од него се што ни е потребно. Молитвата е вистинска голема сила, со која се прават чуда. Треба да се молиме секој ден. Понекогаш ни е тешко да се молиме, немаме молитвена расположба, но во таков случај потребно е да се принудуваме на молитва....
Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро, од Неа направил мешавина од сите божествени, англески и човечки совршенства, една врвна убавина што ги разубавува и двата света, која се издигнува од земјата до небото, а последново дури надминувајќи го.”
Ангел небесен кој претстои пред Бога, беше испратен кај праведните Јоаким и Ана за да им објави голема радост, зашто по својата бездетност ќе родат Ќерка Преблагословена, од Која ќе му дојде радост на сиот свет Затоа и ние, како учесници во оваа радост, на Дева пофални песни и воспеваме: Радувај се, во Троичниот Совет пред вековите избрана за Мајка на Синот Божји;
Таа, Која била духовно достојна да стане Христова Мајка морала да биде родена од тие, кои и самите биле духовно достојни, за да станат нејзини родители.
Следователно на тоа, празникот Рождество Богородично го прославува раѓањето на Марија, неа Самата како Божја Мајка и Нејзините благочестиви родители.
Тропар, Глас четврти:
Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зошто од Тебе изгреа Сонцето на правдата- Христос, Бог наш; рушејќи ја клетвата ни даде благоспол; уништувајќи ја смртта, ни дарува живот вечен.
О, блажени и најнепорочни сопружници, Јоакиме и Ана! Станавте познати по плодот на вашите утроби, како што рекол Господ: ќе ги познаете по нивните плодови. Вие поживеавте живот угоден на Бога и достоен на Родената од вас. Живеејќи чисто и свето, ја родивте ризницата на девственоста – до раѓањето дева, во раѓањето Дева, и по раѓањето Дева; единствена Дева и Приснодева – единствена и по ум, и по душа и по тело, секогаш дејствувачка.