Линија
Ја гледав во далечината
Се приближував постојано,
Се зголемуваше мачнината
Ме следеше неодминливо.
Совеста едно зборуваше
Паднатоста друго посакуваше,
Разумот опоменуваше,
Ненавидникот често пати се радуваше.
Кога благодатта се зголемуваше
Знаев дека ја преминав,
Насетуваше умот и веке не мируваше
Сам себе со солзи се заплискував.
Денес јасно ми ја поклони неа,
Утрово силно ме припи неодделно,
Пладнево имам вкус што не одминува,
Вечерва го проколнувам времето.
Иако јас со себе си поиграв
И преку неа поминав,
Помогни ми и истрпи ме,
-Јас не можам да се поделам на две.
Не можам да имам две милости
Два пријатели од кои само Еден гледам пред себе,
Во едно око два гулаби
Од кои само Еден мисли на мене
Затоа спаси и сочувај
Врати ме назад и помилувај,
Уште еднаш повлечи ја јасно
За да за мене не биде касно.
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: