Икона
Само таа мана нема
Не е нечија смена
Поглед за оној кој се надева
Благодат преку неа се налева.
Излез баравме од бедата
Лик чист за разговор во вревата
Место без притеснение
Вистина со уверение.
Прозор отворен за срцето
Ум да види што е Озарен
Време ни иднo, ни минато
Утешение од некој Предвремен.
Неможе слава да се доискаже
Нити светлина доопише
Глас на достоен да се прокниже
Внес без излез да се доживее.
Ти ни дозволи да учествуваме
Без промена на место –
А рождество од Дева
На Тебе да се накалемиме
Сето тоа низ Прозор без врева.
Посредникот од таа присутност
Не е сведок на Твојата отсутност
Молител е на нашата паднатост
Двигател на оваа скаменетост.
Проста простота
Едноставна едноставност
Љубов со убост
Потсетник на Вечност.
Запри ме во мојата глаголивост
Смири ме од високост
Врати ме од смелост
Нека остане дар на радост.
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: