Сега
Близу морски брег да бидам
На карпа стамена висока
Далечина да видам,
Близина нејзина ми недостига
Под врв планина да застанам
Грбот да го потпрам,
Ноѕе над провалија да испружам
На орлово гнездо глава да навалам
Длабоки темни пештери
Светол одмор да принесат,
На сонливи очи уморни
Непрекинат сон да подарат
Езерски бистри води
Со бранови прошарани немирни
Пладниња да пополнат
Мисли да избистрат
Раце широко нестеснати
Гради да рашират,
Да не впиваат очни убавини
Туку од нив да се разгорат
Сега,
Во приквечерие на шумот
Кога размислува и бувот
Коса измрсена на перница
Глава подарува на мигот,
Да, сега и секогаш одсега …
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: