Мисли за доброто и злото од владика Николај Велимировиќ (3)
Паметните луѓе со својот памет не ги откриле многу тајни туку само со својата желба и труд чукале на вратата на тајната, а Бог им ја отворил. Луѓето го сакале познанието на тварите и законите и Бог тоа им го открил, според нивната желба и труд. Ако таквите луѓе со иста таква желба и труд го бараа спознанието на Бога, Бог би им се открил Себе, исто така како што им го открил радиумот и гравитацијата. Големите откривачи на големите тајни на создадената природа се