логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ЗА ПОКАЈАНИЕТО
 (Покајанието патот во Царството Божјо  -  Старец Филотеј Зервахос)

Вистинското покајание не се  состои само во тоа некој да ги исповеда своите гревови, туку и да не се враќа на претходните зли дела, да го води сопствениот живот во правец на постојано исправување; не само во тоа да не се враќа на претходното, туку и со скрушеност на срцето да жали за она што претходно сторил;
 не само да жали туку и да ги окае сопствените гревови со голем труд и покајание, кои што не би биле само еднакви на сторените гревови, туку и би ги надминале.

Празно е она покајание кое што со краткото воздржание од храната и еднодневниот пост , сака да ги покрие многубројните прејадувања и пијанства.
 Пусто е она покајание кое што со кратко и лесно умртвување на своето тело мисли да се исчисти од долготрајните и тешки смртни гревови.
 Неправедно е  покајанието на оној,  кој со малку воздишки и удирања во градите се надева дека ќе се оправда за многуте неправди, кражби и убиства, грабнувања, грабежи, озлобеност кон братот и  сличните гревови.

Сомнително е простувањето на гревот на оној кој се надева дека само со мали солзи (освен други подвизи) ќе ги измие големите валканици и безаконие и дека ќе се  избави од вечните маки.
Многу солзи пролија Ниневјаните и покажаа големо покајание (Јон, гл. 3),
 бидејќи се облекоа во кострет од најмалиот до најголемиот и наредија да се прости не само на луѓето, туку и на животните; и му завапија на Бога, продолжувајќи со молитвата и секој го остави својот зол пат. Сепак, не им беша познато ништо за нивното спасение, затоа што говореа:
 „Кој знае ќе се покае Бог или ќе се смилостиви и ќе го одврати гневот на јароста Своја да не загинеме.“
Ако тие што покажале такво покајание не знаеле дали го смилостивиле Бога и добиле простување за своите гревови, како тогаш може да биде сигурен оној кој се надева дека ќе се очисти со мало покајание и со малку солзи од многуте и тешки гревови?
Ќе речеш:
Ниневјаните биле пагани кои не го знаеле Светото Писмо, кое вели:
 „Срцето скрушено и смирено Бог нема да го поништи“ (Пс. 31, 19),
 и уште:
„Господ  е блиску до оние кои се со скрушено срце и им помага на оние кои се со смерен дух“ (Пс. 33, 19)
 и уште:
„Реков: ги исповедам на Господа престапите свои; ти ја симна од мене вината на гревот мој“ (Пс. 31, 5).

А ние верниците се надеваме дека и малите солзи со исповедание на гревот можат од Бога да добијат милост која ги простува гревовите.
На ова одговарам - да, можат.
Но, можат само оние кои веќе се наоѓаат на сомртничкиот одар и кои немаат време за големи солзи и откајување на гревовите; кон таквите Господ е милостив и за самата скрушеност на срцето.
 Пример е покајаниот, десниот разбојник на крстот, кој пред смртта, со скрушено срце, со малку зборови ги исповедал своите гревови, но истиот момент од Господа ги чул милостивите зборови:
 „Денес ќе бидеш со Мене во рајот“ (Лк. 23, 43).

Од здравиот човек кој има време за покајание Бог бара многу солзи, многу труд и подвизи, за да ги изедначи трудовите на покајанието со претходните гревови и дури да ги надмине  со покајничките подвизи.


За солзите се вели следното: ги има некои кои повремено паѓаат во умиление и плачат, сеќавајќи се на своите гревови, а не престануваат да грешат.
Каква полза на таквите може да им донесе нивната состојба на умиление, ако карактерот им останува непоправлив?

Други доаѓаат на покајание, ги исповедаат своите гревови во солзи, а потоа пак ѝ се враќаат на истата гревовна валканица и каква им е ползата на таквите од измивање во солзи, ако тие пак со страст влегуваат во претходната кал?

Зашто, не се доволни само повременото умиление и скрушеност на срцето без вистинско покајание, со кое не се бара само жалост и плач заради гревот, туку и човек да не се враќа на поранешните гревовни дела, а за сторените гревови треба да се поднесе соодветен подвиг.
Апостол Павле зборува дека Исав, синот Исааков, не го нашол местото на покајанието иако „во солзи го барал“ (Евр. 12, 17).
 Зошто солзите на овој грешник не се примени како покајание, не му биле  пријатни на Бога и не го исчистиле гревот заради кој овој грешник лиел солзи?

 На ова Св. Јован Златоуст вака одговара:
„Тој не го нашол местото на покајанието, затоа што не покажал достојно покајание.“

Врз основа на овој пример, Св. Златоуст нас грешните нѐ подучува, говорејќи: „Оние кои мислат дека можат без маки да грешат (надевајќи се дека без слично исцрпување и казна ќе добијат простување на своите гревови) нека размислат за следното:
зошто Исав не добил простување? 
Затоа што не се покајал така како што требало.

 Ако сакаш да видиш грижливо покајание (вистинско, онакво какво што треба да биде), чуј за Петровото покајание по одрекувањето. Благовесникот (евангелистот), проповедајќи ни за него, ни вели:
„Излегувајќи надвор горчливо плачеше“ (Мт. 26, 75; Лк. 22, 62). 
Заради тоа и му бил простен гревот, зашто плачел на соодветен начин.“

Светиот папа Климент говори дека Петар,  слушајќи го гласот  на  кукурикањето на петелот, истиот час   се сети   на своето одрекување од Христа и падна на земја  и пролеа многу солзи горко плачејќи и дека тоа го правеше во текот на целиот живот.

И заради тоа Никифор, писател на црковни дела, пишува дека очите на Апостол Павле секогаш беа како крвави и дека тоа било заради горкиот  плач.

А  ти кој се надеваш дека за еден час ќе ги оплачеш своите гревови, можеш ли ти горко да плачеш како што плачеше апостол Петар?
Можеш ли ти да поднесеш таков труд и подвиг како што Петар му даде на Христос Господ, кој што заради своето одрекување се претрпе, па дури да го распнат со главата наудолу. 

Немој заради тоа да се потпираш во привремената скрушеност на срцето која што од време на време  се појавува, немој да се  потпираш  на својот мал труд и краткотрајниот подвиг  кои не се еднакви на твоите гревови...

+++

Со покајание се учиме во љубовта Божја

Сите чесни и смирени луѓе кои што се послушни и воздржани и кои што се каат за своите гревови веќе се на Небото и го гледаат  нашиот Господ  Исус Христос во слава, ја слушаат Херувимската песна и забораваат на се земно.

 А ние, скитаме по светот како прашина која ветерот ја носи и умот наш за земјата е врзан.
О, немоќен е мојот дух! Тој се гаси како пламенче од слабиот ветер;  а духот на Светителите гореше силно, како несогорливата капина. (2. Мојс. 3,2)

Кој ќе ми даде таков жар , што ни ден ни ноќ спокојство  да немам без  Божјата љубов.
 Голема е љубовта Божја.
Заради неа Светителите сите неволји ги истрпувале  и со неа  силата на чудотворставата ги достигнале.
Тие исцелувале болни, мртви воскреснувале, по вода оделе, за време на молитва во воздухот  лебделе, со молитвата своја,  дожд од небото измолувале.

„Помилуј ме мене Боже, малото создание  Твое“!

Пишувам за љубовта Божја, а самиот, недоволно го сакам Бога и затоа сум жалостен и тагувам како Адам кога беше изгонет од Рајот и плачам во вапај : „Помилуј ме мене Боже, малото создание  Твое“.

Колку ли само пати ми ја даваше благодатта на Светиот Дух, а јас не ја сочував зошто, горда е мојата душа;
но сепак, таа Те познава Тебе, Творецот и Господ свој и затоа со солзи те бара, како што Јосиф плачеше за татка си на мајчиниот гроб, кога го водеа на ропство во Египет.

Те ожалостив со своите гревови и Ти заминуваш од мене и тагува душата моја за Тебе.
О Духу Свет, не оставај ме!
Кога Ти одиш од мене,  зли мисли ме напаѓаат, тагува за Тебе душата моја со  солзи горчливи.
О Пресвета Владичице Богородице,
Ти ја гледаш тагата моја; Го разжалостив Господа и Тој ме остави; но Твојата благост ја молам:
спаси ме мене, паднатото создание Божјо; спаси го слугата Твој.
...

Ако простиш, значи дека и тебе Бог ти прости.
На милостивиот човек Господ веднаш му ги простува гревовите.
 Милостивиот не памети зло.
Дури и кога ќе го навредат и  имотот ќе му го одземат, тој останува рамнодушен, зашто знае за милоста Божја, која што никој од луѓето да ја одземе не може, зашто таа е Висока - таа е во Бога.

Превод : М. Даниловска Мина



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная