логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Manastir.voRajcica.jpg


5. Просветителите од XIX век
 
Всушност, зборниците пишувани во дамаскинарски дух, воопшто се едни од првите печатени книги на народен јазик кај нас. На прагот меѓу XVIII и XIX век двајца наши народни просветители, Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, понесени од напредните идеи во дамаскинарски дух, со цел да го издигнат нашиот заостанат народ, зачекориле и во модерното време. Во првите децении од XIX век тие правеле поголеми отстапки од традиционалниот црковнословенски, отколку анонимните дамаскинари пред нив и во текстот на поуките употребувале почист говорен народен јазик, за да бидат тие полесно разбрани од средината за која биле наменети. Но, не го поставувале свесно проблемот за книжевната норма, а во духот на дамаскинарите се труделе да му дадат на народот и отпечатена поучна лектира со религиозно - просветна содржина на разбирлив јазик .
Нашиот книжевник Кирил Пејчиновиќ, кој воедно бил и организатор на манастирските школи во Марков манастир – Скопско, и манастирот во Лешок - Тетовско, е еден од особените проповедници, кој своите проповеди во дамаскинарски дух ги изложил во неговите зборници „Огледало“ и „Утешение грешним“. За тоа колку се важни и драгоцени за нас овие негови дела, зборува фактот што тие и во денешно време наоѓаат примена кај црковните проповедници, бидејќи во неговите слова провејува духот на тоа време, кој несомнено е присутен и денеска, но за жал опфаќа сè поголем размер. Иако Пејчиновиќ не бил многу образован човек, во неговите проповеди има силен, жив, личен однос и голема актуализација.
Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски се производ на онаа традиција што се залагаше да му ја приближи нa народот религиозно - поучната книжнина. „Препростејшиот и некнижен јазик Болгарски долнија Миссии", на кој Кирил ги составува своите текстови, e неговиот тетовски говор, примешан со елементи од централните говори, и во кој учеството на црковнословенскиот e, како и кај Крчовски, сè уште значително . Затоа може да се каже дека времето на овие двајца наши знаменити просветители било преоден период кога не можело да се пишува ниту само на црковнословенски, ниту само на народен дијалектен јазик.
 Веќе од средината на XIX век, нашата преродбенска интелигенција – Анатолиј Зографски, Партениј Зографски, Кузман Шапкарев, Димитар Македонски, Ѓорѓи Пулески, и др., прават свесен напор за изградба на литературна норма, така што тогаш се јавуваат и првите печатени учебници на македонски јазик. Почнувајќи од 1857 до 1880 година биле изработени 16 македонски учебници од наши преродбеници . Првиот наш учебникар бил Партениј Зографски, кој во Цариград го објавил својот прв учебник Кратка Свјаштена историја на Ветхо- и Новозаветната Црков во 1857, а во 1858 год. и вториот под наслов Началное учение за децата. Во овие учебници провејува родниот галички говор на авторот, но секако, не изостануваат и други западно - македонски говори.
Она што е за одбележување во поглед на просветителството во нашата земја од XIX век, секако е дамаскинарскиот дух кој се провлекува во делата на нашите просветители. Тие, како предани трудбеници во просветувањето на простиот народ по однос на јазикот, оделе по патот што бил обележан од дамаскинарите. Нивните книги и по карактерот и по содржината и по јазикот, всушност се Дамаскини од тој период. Меѓу нив и Григориј Пелагониски има уште многумина кои, главно, преку Григориевиот превод ги ширеле просветителските идеи заложени кај Дамаскин Студит . 
Несомнено, сите дамаскинари како образец ги имале текстовите од класичниот период. Самото востановување нa вакви паралели нe e без важност, бидејќи појавите од класичниот период, секако стоеле во врска и со некои појави во времето на авторот и со потребата да се реагира на нив од позицијата на христијанскиот етички кодекс. Точно е тоа дека секое време си има свои особености и интензитет, но гревовите, отсекогаш ја измачуваат човечката природа која не сака да се соедини со Бога. Низ сите времиња нашиот непријател и ‘противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта’ (1. Петр. 5, 8).
6. Проповедништвото во Преспанско – пелагониската епархија по времето на преродбата

 Епархијата од каде што доаѓам е епархија со славно минато. Доволно е да се спомне дека духовниот живот во раното христијанство се потврдува со учеството на повеќемина нејзини епископи на одделни Вселенски и Помесни Црковни собори. Не е за заобиколување и податокот за постоењето на битолската Богословија, која во 1922 год. ја отворила српската Православна Црква . Токму во неа, учителска дејност ќе водат св. Јован Шангајски, Николај Велимирович, Кипријан Керн и др. Нивната улога како учители и пастири, не била само во изложувањето на верските вистини, туку и нивно имплементирање во животот на човекот. Оние, кои биле удостоени да бидат нивни ученици, запишале сведоштва, кои се од особено значење за денешните проповедници. Тоа е така, зашто тие покажале дека помеѓу мисленото, зборуваното и направеното не смее да постои разлика. Со други зборови, како Божји соработници на нивата Господова во целост ја исполниле својата пастирска должност: да ги спасуваат душите, каде и да се. Св. Јован Шангајски, во една пригода, цитирајќи го св. Јован Златоуст ќе рече: „Христос дошол на земјата да ја обнови изопачената слика Божја во човекот, да ги повика луѓето на заедништво и на единство со Бога, да го отстрани не единството меѓу луѓето и да ги соедини во еден нов човек, кој со една уста и едно срце ќе Го прославува својот Творец. Должноста на секој пастир е да ги доведува луѓето до тоа единство, да ги препородува и да ги осветува. А има ли нешто повозвишено од преродбата на Божјите суштества?“   
 „Периодот на живеење во Охрид, во лулката на словенската писменост и култура, бил од пресудно значење за епископот Николај. Тука доаѓа до преобразба на неговата личност, а тоа длабоко ќе се одрази врз неговото творештво. Впрочем, тука добива инспирација за создавањето на своите најдобри дела“ . Тој бил епископ охридско – битолски и како таков формирал дом за сиромашни и напуштени деца, во кои многу често свратувал. Народот го помни како прекрасна личност, која оставила траги во својата проповедничка дејност, токму поради тоа што не ги штедел зборовите кога било потребно да се изобличува злото. Затоа, за едни бил камен за потпирање, а за други камен за сопнување. Но, како и да е, од него останало огромно пишано богатство, различно по содржина и прилагодливо и за образованиот и за неукиот човек, кое, пак, сведочи за неговата личност и дело. Тоа за идните генерации е одличен материјал за подготвување на проповед, всушност, познато е дека многу наши современи проповедници, ги користат токму неговите Омилии, како инспирација за нивните литургиски беседи. Затоа, нема да згрешам, ако напишам дека токму св. Николај, поради неговиот изострен богословски ум, важи за проповедник со класично достоинство.
Ова фрла поглед врз карактеристиките на проповедите од овие учители: систематичност, разбирливост, народност, кои секако дека доаѓаат од нивната пожртвуваност, љубов и блискост со верниците. Со сигурност може да се констатира дека, тие го користеле проповедничкиот материјал од златниот период на Црквата, внесувајќи истовремено и свежи идеи и размислувања, карактеристични за времето во коешто живееле.

 

 (Продолжува)

 

 Jasmina.fakultet.jpg

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„Свети Климент Охридски“ - Скопје

Дипломска работа

Дамаскините: чувари на класичната проповед и инспирација за современите проповедници

Ментор:     Проф. д-р отец Ацо Гиревски     

       Jasmina.fakultet.jpg                           &

 Изработила: Јасмина Зајкова

Jasmina.fakultet.jpg

    Jasmina.fakultet4.jpg                                                                               
Скопје, јуни, 2011

Jasmina.fakultet3.jpg

Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3134
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7608
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/11/2024 - вторник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преподобен Варлам Хутински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная