“Кога се јави Ти во Јордан Спасителе,
и кога се крсти од Претечата, Христе;
беше посведочен дека Си возљубен Син,
затоа и собеспочетен на Отецот Си се јавил,
а Духот Свети на Тебе слегуваше”
Денес Бог се јави во Своите три Лица. Синот се потопува во Јорданските води, Отецот ја посведочи Својата љубов кон Него, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над Спасителот. Денес раката на слугата трепери крштевајќи Го Господарот на сите, но неговта душа се радува гледајќи Го Благиот Спасител. Се врати назад реката Јордан плашејќи се од Оној Кој се крштева во неговите води. Така Бог му се јави на светот.
Се осветуваат Јорданските води и гревот на човештвото е потопен. Преку крштението човекот се просветува, затоа и денешниот ден се нарекува Просветување. Денес настанува примирје меѓу Бога и човекот и Божјата благодат обилно се излева врз светот. Го слушна светот пламениот збор на Претечата кој го запали огнот на верата во срцата на луѓето, ја излекува заболената совест, ги разбуди светите чувстава и го избистри духовниот поглед.
По Божествената Златоустова Литургија, со која чиноначалствуваше архимандрит Партениј во сослужение на јеромонасите о. Доситеј и о. Јосиф, во свечена литија сите верници дојдоа на местото каде традиционално многу години наназад се фрла крстот во водите на Радика.
Божјиот благослов ќе го следи цела година најсреќниот кој го фати крстот за кого беше подготвен пригоден подарок - телевизор и икона Богојавление.
Бог се јави!
Навистина се јави!
Известуваат: сестрите од манастирот во Рајчица