† ВЕЧЕРНА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ (08.12.2021)
Трепери срцето мое пред овој свештен и свет собор, онемува јазикот мој и не умее слово да изусти пред овој што сега овде лежи, а некогаш со слово нè дарува и на збор нè научи. Се обидувам да говорам и разбирам дека најдобро е да молчам, зашто што и да изговорам ќе изгледа мало пред големиот учител на Словото, пред нашиот родител во Христа, бидејќи ако имаме и десетина илјади учители во Христа Исуса, сепак немаме многу татковци, бидеќи тој нè роди во Исуса Христа преку Евангелието.