Света Архиерејска Литургија во Охрид (05.10.2020 18:21)
На 4 октомври 2020 година, во Седумнаесеттата недела по Педесетница (по Воздвижение на чесниот Крст) и на празникот Оддание на Крстовден, како и во Неделата посветена на Соборот на сите македонски светии, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, во Охрид, беше отслужена Света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сосолужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј и Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: Дебаско-кичевска епархија
Преземено од: http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7334