Кичево, 11 октомври (МИА) - Во чест на одбележувањето на една година по осветувањето на новата црква на манастирот „Св Ѓоргија“ во селото Кнежино кај Кичево денеска се одржа групна венчавка на шест брачни двојки од Кичево и од Скопје.
Младенците ги венча намесникот на манастирот свештеникот Зоран во сослужение на владиката Дебарско- кичевски и плаошки - г.Тимотеј.
Ова е прв обред од ваков вид во новата црква која беше осветена минатата година на денешен ден.
Од тогаш во манастирот се случија многу новини кои придонесуваат тој да биде масовно посетуван од верниците. Се реновираа конаците, се уредуваше дворот, а се прават напори да се изградат и дополнителни објекти кои ќе го заживеат овој манастирски комплекс оддалечен само пет километри од Кичево.
За манастирската економија се грижи сестрата Доротеа која се замонаши минатата година. св/дма/17:39