логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

 

Еволуцијата на македонската писменост и јазик нѐ обврзува да зборуваме за предисторија на кодификацијата на македонскиот јазик, односно за преткодификации на македонскиот јазик

Пишува: академик Катица Ќулавкова

Пред да се кодифицира современиот македонски книжевен јазик во 1945 година, неговиот развој поминува низ неколку клучни и пресвртни фази:

1) кирило-методиевскиот период од 9 до 11 век, кога се кодифицира старословенскиот јазик врз говорите на македонските Словени од солунскиот крај или од Егејска Македонија и кога во оригиналните и преводните (црковнословенски) ракописи од македонските книжевни центри преовладува глаголицата;

2) периодот кога се профилира македонската редакција на старословенскиот јазик, од 12 до 15 век;

3) периодот кога се воведуваат македонските народни говори/наречја во дамаскинската литература;

4) периодот на преродбата во 19 век и

5) чинот на создавањето на теориските основи на идната кодификација на македонската литературна норма од Крсте П. Мисирков, во 1903 година.

3.angeli.so.truba


Без автономна историја, темел и генеза на јазикот и културата, не постои ни засебен народ. Тие македонскиот народ го третираат како дел од бугарскиот, кој во еден период од поновата историја се изделил во посебна држава, тој всушност е бугарски и му припаѓа во целост на бугарскиот идентитет. Тие тврдат дека македонскиот идентитет е комунистички инженеринг./ Фото: Wikimedia Commons

Со други зборови, постојат доволно пишани и сочувани документи кои ја аргументираат тезата дека македонскиот современ книжевен јазик и неговиот стандард не почнуваат во 1945 година од нулта позиција, туку од едно милениумско јазично и метајазично наследство и искуство по однос на писмената култура (користење на автохтоното глаголско писмо или азбука, користење на старословенската кирилица, користење на грчкиот алфабет за пишување текстови на македонски дијалекти, користење на латиницата за пишување македонски текстови, користење на новата адаптирана верзија на старословенската кирилица во облик на бугарска кирилица за пишување македонски текстови и, конечно, кодификација на македонската кирилица при стандардизацијата на современиот македонски јазичен систем, познат и како македонски литературен или книжевен јазик.

Еволуцијата на македонската писменост и јазик нѐ обврзува да зборуваме за предисторија на кодификацијата на македонскиот јазик, односно за преткодификации на македонскиот јазик. Тие преткодификации сведочат за динамиката на еволуцијата на македонскиот јазик сфатен како природо-јазичен систем, ако ја користиме терминологијата на Фердинанд де Сосир и неговата структурална лингвистика. Историско-граматичкиот развој на еден јазик е природен, кој се одвива врз колективното јазично наследство на еден народ, врз живата усна и актуелна народна и творечка реч, како и врз искуствата и влијанијата што произлегуваат од нејзините меѓујазични и меѓучовечки контакти со други јазици, во време и простор. Само чинот на официјалната кодификација на современиот македонски јазик, како впрочем и на секој друг јазик во светот, се поврзува со одлуки донесени од државни органи.

 

3.angeli.so.truba

Академик Катица Ќулавкова / Фото: Борче Поповски

Тезата за македонскиот јазик како вештачка, политичка и комунистичка конструкција е апсурдна и науката одамна ја има отфрлено. Стандардизацијата на граматиката, значи на фонолошкиот, морфолошкиот, синтаксичкиот, семантичкиот и акцентскиот систем на македонскиот јазик е поврзана со работа на стручни лица, филолози, граматичари и лингвисти, работа која е плод на проучувањата на јазикот и неговата историја, неговиот дијалектен систем, неговото место и функција во рамките на јазичната група на која ѝ припаѓа (во случајов словенската и јужнословенската, но и балканската). Истото искуство го имаат доживеано сите други јазици, некои од нив со подолга историја, некои со покуса, но секогаш со своја препознатлива јазична традиција, јазична меморија на колективот/народот, со свој културен профил кој се рефлектира и врз јазичниот идентитет. Така, впрочем, и јазичниот идентитет се рефлектира врз културниот, нештата во културно-јазичната и општествената стварност се одвиваат во меѓусебен сооднос, па и се прифаќаат како соодветни јазични и културни структури со своја внатрешна и надворешна препознатливост. Усното творештво, кое во македонскиот случај е богато во секоја смисла на зборот (жанровски, дијалектно, стилски, тематски, архетипски), ја дава естетската предлошка на стилистиката на литературната норма на македонскиот јазик. Тоа е така затоа што уметничката употреба на јазикот совршено ги следи природните фоно-морфолошки, синтаксички, ритмички и семантички предиспозиции на јазикот во неговата природна, жива, општонародна употреба чијшто распон се движи од практични секојдневни идиоми до обредни и сакрални употреби.

Современиот литературен стандард, применет во книжевните жанрови и дела, само ги доразвива и ги осовременува стилските и естетските матрици кои веќе се дадени и латентно постојат во самиот јазик, односно во неговата усна книжевна и народна традиција. Само така и може да се објасни интензивниот раст и развој до совршенство на македонската поезија, расказ, роман, драма, есеј, веднаш по утврдувањето на современата литературна норма на македонскиот јазик. Современата книжевност, нејзиниот тотален естетски и лингвистички код, всушност, во себе содржи одрази/рефлексии од прастарите, древните и старословенските семиотички, симболични, метафизички, религиски, лудистички и естетски структури. Уште Партениј Зографски, на пример, 1858 година, јасно и изречно им дава до знаење на бугарските филолози (јазиковеди, јазикозналци) дека ако се прави заеднички, славјански, бугарско-македонски стандард, тогаш треба неминовно македонските мијачки говори (југозападни) да бидат земени како основа на стандардот, затоа што, вели, македонските говори се поубави, помузикални, поритмични, поплодни во споредба со бугарските.

3.angeli.so.truba

Партениј Зографски / Фото: Wikipedia

Пресекот на предисторијата на кодификацијата на македонскиот современ литературен јазик е, во таа смисла, и пресек на развитокот на матичната наука за македонскиот јазик во периодот од 1858 до 1903 година. Со други зборови, предисторијата е вградена во историјата на македонскиот јазик и неговата кодификација. Таа создавала, во континуитет, покрај научна, и општествена свест за особениот идентитет на македонскиот јазик, а со тоа и за потребата од негова автономна граматика.
Оттаму, клучните историски поставки на македонскиот јазик (неговата генеза, неговото вградување во старословенскaта норма од 9 век, неговите одликувачки јазични и стилски особености, неговите функции и меѓујазични контакти) се рефлектираат и врз неговиот современ граматички систем. Тоа говори за еволутивниот континуитет на македонскиот јазик потврден од фонетско-правописен, морфолошки, односно морфо-синтаксички и лексички аспект.

Теориски гледано, кодификацијата на македонскиот книжевен јазик „претставува последна фаза од развојот на писмениот и говорниот јазик на една нација, кога за цела територија и за сите дијалекти се установува единствена ортографска и ортоепска норма.“ (академик Петар Хр. Илиевски). Практично гледано, чинот на неговата кодификација се финализира веднаш штом биле создадени институционални и законски услови за тоа, во рамките на новата македонска република, во склоп на југословенската федеративна држава (1945). Тоа било возможно благодарение на природниот процес на созревање и на јазичната практика, и на јазичната норма. Преродбата од 19 век е добар показател за дизајнирањето на автономната македонска јазична норма.

3.angeli.so.truba
Решение за македонската азбука од 1945 година / Фото: Wikipedia

Политичката теза, поткрепена со познатите лингво-политички аргументации на соседна и, се надевам пријателска, Бугарија (држава во којашто живее милионски број население по потекло од Македонија и кое денес е асимилирано и се декларира себеси како бугарско), дека македонскиот јазик не постои, дека претставува т.н. западна дијалектна норма на бугарскиот јазик, е не само неточна, туку и неприфатлива од цивилизациски и хуманистички аспект. Од неа, меѓу другото, се изведува и другата теза, дека не постои македонска историја, односно дека не постои македонски народ.

Без автономна историја, темел и генеза на јазикот и културата, не постои ни засебен народ. Тие македонскиот народ го третираат како дел од бугарскиот, кој во еден период од поновата историја се изделил во посебна држава, тој всушност е бугарски и му припаѓа во целост на бугарскиот идентитет. Тие тврдат дека македонскиот идентитет е комунистички инженеринг. Симптоматична е таа опседнатост со пополнување на сопствената бугарска историја со македонската, со оглед на тоа дека и бугарската нација си има своја историја, а колку се оди подалеку во историјата, толку повеќе исчезнуваат допирните точки меѓу македонскиот и бугарскиот етно-културен ентитет.

Последиците од укинувањето на Охридската архиепископија без сомнение се големи и се предмет на злоупотреба. Во тој период, имено, меѓу 1762 и 1868 кога се воведува Бугарската егзархија, се засилува бугарската пропаганда и создава конфузија во националниот дискурс на овие територии. Во исто време зајакнува и геостратешкиот интерес на Србија, а грчкиот интерес е повеќе од пропаганда, тој веќе со векови се импрегниралл во македонскиот општествен, културен, јазичен и црковен живот.
Бугарскиот етнолингвистички експанзионизам има, за жал, националистички призвук и наидува на отпор меѓу Македонците. Наместо дијалог на еднакви, признати и слободни народи, во 2020 година се соочуваме со обиди за делегитимирање на една (македонска) нација и нејзината култура, што може да се злоупотреби за оспорување и на нејзиното право на државотворност.


3.angeli.so.truba
Академик Ќулавкова / Фото: Борче Поповски

Македонскиот јазик е само изговор за нелингвистичките претензии. Не може да се одрече јазик што има генеза слична на другите словенски и јужнословенски јазици, има свој историски развој, свој дијалектен систем признат од сите меѓународни јазични фактори, свој специфичен граматички систем, своја литература. Јазикот е поглед на свет, архив на колективна меморија и, во таа смисла, македонскиот јазик значително се разликува од бугарскиот. Факт е дека со Бугарите ја споделуваме црковнословенската и старословенската јазична норма, дека имаме заеднички историски настани и личности, како впрочем и со другите соседни и словенски народи, но сепак, Македонците имаат своја неотуѓива и непобитна јазична, културна и национална препознатливост. Конечно, почитувањето на „другоста и емпатијата спрема блискиот е примарна вредност на цивилизацијата“, па затоа очекувам да дојде до суштински аргументиран и пријателски дијалог меѓу македонските и бугарските слависти, да се уважат ставовите на меѓународната лингвистичка наука по однос на македонскиот јазик и да се подобрат јазичните, културните и идентитетските стратегии на Република Бугарија по однос на Македонија и на македонскиот културно-историски комплекс.

 7ми јули 2020 год.

 

 Извор:

https://www.fakulteti.mk/news/07072020/kolumna-na-akademik-katica-kjulavkova-makedonskiot-jazik-ne-pochnuva-od-1945-ova-se-razvojnite-fazi-na-negovata-literaturna-norma?fbclid=IwAR3C9GKgSjB58KhFF4ULs_FuUuzOo_hltawB98Ynykovaj6hQqppsqKnF44

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная