Венко Андоновски: Бриши го
Само на компјутерскиот екран бришењето изгледа совршено, како совршен злостор. Но, за среќа, културата не е компјутерски екран, туку палимпсест, и тоа сочинет од многу, многу ракописи. И да избришете еден, ќе остане некој друг, кој можеби сведочи токму за избришаниот, а и избришаниот, ако малку го начадите, може да се појави. И конечно: кога бришете,


Светот е на колена од суетата и алчноста што ја пројавуваат оние, т.е. човештвото, личностите што треба да го спасуваат и приведуваат кон вечноста во царството небесно. А, личностите, човекот треба да се очистува, просветлува и обожува по мерата од растот Христов, како што вели светиот апостол Павле, за да бидеме свети како што е свет нашиот Отец Небесен во благодатта на Светиот Дух..
Не ги учиме дека другарот од клупа е другар за цел живот.
Ќе сведочиме за преданискиот пат на обнова и обожение на човекот низ светите тајни, преку покајание и исповед,пост, молитва, Литургија и причест, а некој ќе дава нереална и празна рецепта: “ Застани на каменот во манастирот Свети Никита, сврти се трипати, поклони се и замисли желба, моштите на cветецот ќе ти ја исполнат“
Продолжувам таму каде што застанав минатиот пат: го поставив прашањето дали може и интелигенцијата да биде разочарана од својот народ, а не само и постојано (како што е состојбата на социјалните мрежи) народот од неа. И ако вистинската интелигенција има постојана обврска да го кажува своето мислење и со тоа да го води својот народ, нема ли и народот барем една обврска – во време кога секој има компјутер (ама ретко кој чита книга), да биде просветен и заинтересиран барем за државотворните моменти од сопствената историја, кога со гласање треба да си ја реши својата судбина?
Медената земја - во која се зема само нужното и сѐ што живее се сфаќа како фамилија и целина - останува недостижна за човекот на технологијата и моќта.
Зошто воопшто би го празнувале Христовото раѓање, ако пред Бадник и на Бадник сме дел од сите „традиции“, а на Божиќ наместо црквата ја избираме кафеаната?Божиќ е празник на оние што му се радуваат на Христос, а не на оние што им се восхитуваат на народните традиции, но како и да е. Христос ќе се роди пак за сите.Треба да се фокусираме на она што е еднакво важно за секој граѓанин, без разлика на верата и етничката припадност. Дали може да им се стави крај на поделбите, на омразата, на општество, кое е како со нож поделено?
Како живееме, знаеме или не знаеме? Го живееме ли она што го знаеме, или не знаеме како да го живееме? Дали живееме вистински – со љубов, со срце и со душа, со насмевка, со радост, во мир, со трпеливост, со добри дела, со добра мисла, со проштевање, во скромност, со милост, во смирение, трудољубиво, со почит, со послушност, без злоба, без немир, без завист, без љубомора, без презир, без гнев, без озборувања, без осудување.
Сме сретнале разни раскази, ама ваков не бевме биле прочитале, во кој авторот го раскажува сопственото раѓање, точно како да бил присутен на настанот!

Но, тоа не е само обврска на клерот и на Црквата, туку и на секој човек што сака нешто да направи за својата вера и црква. Од нас зависи каква вера ќе им предадеме на идните генерации. Вера што станала компилација од вера, адети, национализам, верски фанатизам, омраза кон другите вери, фолклор, форма без суштина, а која, пак, нема да биде интересна за нив, или, пак, вера во живиот Бог, која води кон спасение и живот вечен.

Сите го знаеја Т. Џ. Припаѓаше секаде ама и никаде. Сите сметаа на него, но никој премногу. Со никого се немаше замерено. Имаше две деца Г. и З. Гледајќи ги како си играат низ дворот му светна идеја да тркнат до една од преспанските плажи. Не дека е времето за бањање туку така децата да си поиграат, а тој под сенка да си прочита некоја книга.
Кога животот ви е тежок велите живот кучешки. Море јас не би го сменил мојот кучешки живот со вашиот ниту за еден ден. Ниту со тебе што ќе ме спасуваше мене, а ќе му ја кршеше главата на стариот, ниту со тебе девојко што мислиш дека јас сум душа, а ти немаш душа па викаш обезбедување да извади душа некому. Ниту со тебе што имаш единица музичко, а коментираш за музика, ниту со тебе што не проверуваш дали има вистина во коментарите на ФБ и Твитер,
























