логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Сме сретнале разни раскази, ама ваков не бевме биле прочитале, во кој авторот го раскажува сопственото раѓање, точно како да бил присутен на настанот! Го објавуваме на роденденот на главниот лик, а во спомен на дедо Сотир, со коскестиот нос и убавото име.


Вака некако

(Или да видите дека не ме донесе штркот)

пишува: Отец Пимен

„Машкооо! Да ти е живо и здраво, Драга!“, извика бабицата додека бебешкиот плач го расцепуваше породилниот дом. Толку се потруди малиот да го најави своето присуство што Шерика не го ни чу возвратното амин од мајката.

Од плачот се накостреши и посребрената коса на веќе повозрасниот татко, кој се беше навалил на отворениот прозорец на крајот на ходникот и пушеше цигара додека свежата октомвриска зора му го ладеше од страв и неизвесност препотеното чело прошарано со првите брчки. И не само што му се беше накострешила косата, туку и нозете му се беа пресекле, а прстите му го беа загубиле осетот за јачина на стискање и ја беа преполовиле таман запалената цигара, која се прекрши до толку што жарот му го допре и изгоре малото прсте, кое беше невозможно да го исправи до крај поради наследната болест од татко му, која не даваше можност до крај да ги исправи малите прсти на рацете.

„Ај да ти...“, и уште пред да изусти докрај тоа шо не треба, ја испушти цигарата низ прозорецот и потрча кон салата. Се чувствуваше слободен да го прави тоа затоа што сите од амбулантата го знаеја. Плус тоа, ѝ беше маж на најмладата акушерка, која штотуку се породи. А беше и недела и беше многу рано и неразденето. Само што пристигна пред вратата и се стокми да тропне, вратата се отвори и се појави насмеаното лице на бабицата, која го пресретна велејќи:

„Ајде, мужде да дајш. Машко е, здраво и право. Или ај, наш си, влези да ги видиш, ама збор никому.“

„Ќе дам и ќе наддадам“, и веднаш ја пикна раката во црните и до перфекција испеглани панталони, за кои имаше обичај да каже мува да застане и да се пресече од работ, и извади купче пари што сè уште беа влажни од пот. А и како да не бидат, кога до пред само неколку часа беа залепени на неговото чело во хотел Југославија во Отешево.

„Од народ за народ“, рече и ѝ ги тутна во раката на жената што му ја соопшти радосната вест и ја гушна со сета сила. Таа остана збунета, но возврати на гушката. Од што побрза да го израдува, не стигна кутрата ни рацете да ги измие од крвта, па затоа уште долго потоа таткото со радост ја покажуваше малата крвава дамка на десното рамо од свиленото светлосино со темносини кадифени ревери сако, како сувенир од збунетоста и радоста на тој момент.

Влезе во малечката породилна сала. Го виде малиот, кој сè уште не престануваше да плаче, го допре со рака по челото, насмевнувајќи се се наведна да ја бакне сопругата и тивко рече:

„Син, а? Ти арна си?“

„Арна и многу уморна, оди дома. Помини поручек. Да поспијам јас“, возврати.

Полека чекореше кон дома потпевнувајќи со тивок глас. Не се брзаше, а и зошто би се брзал? Ќерка му Јулијана беше кај баба ѝ на спиење, а уште беше многу рано за да оди каде било и да ја сподели радоста. Одеше враќајќи си ги спомените од денот кога се роди ќерка му. Прво не сакаше да поверува кога му кажаа дека има ќерка бидејќи мислеше дека се шегуваат со него поради датумот. „Убо де, а сега ај кажи априлили“, одговараше и ги гледаше во очи оние што му соопштија, во надеж дека сепак ќе чуе признание дека е првоаприлска шега. Кога веќе виде дека не се шегуваат, отиде да слави со другарите нарачувајќи ја песната „Ти си ќерко татин син“ и сè така до доцна во ноќта.

Стигна пред прагот, погледна на горниот кат дали светнала некоја светилка, дали се разбудил брат му, за да ја сподели радоста. Сепак сè уште беше рано. Отклучи и влезе дома не водејќи грижа дали е многу бучен и дали тоа ќе го разбуди семејството на брат му и комшиите и го откачи радиото да свири додека одеше кон кујната за да го вклучи шпоретот да стопли вода за чај и да го почне денот со вообичаениот ритуал на пиење чај со рум. За тој ритуал да го личи, да биде онака со манир, беше украл порцеланска шолја од еден од хотелите низ Охрид кога свиреа таму пред некоја година на дочек на Новата година. Додека ја бараше трофејната шолја, чајот веќе зовре и куќата замириса на топол чај. Кога ја отвори вратничката од шкафот, каде што на долната полица стоеше секогаш шишето со рум, на горниот кат се слушнаја чекори. Доволно го познаваше брата си за да му ги препознае чекорите, па истрча на терасата и му свирна со за нив препознатливата свирка со уста, а овој веднаш излезе на прозорец уште недорасонет и неисчешлан.

„Сииииииннннн“, викна и ги дигна рацете како ороводец следејќи ја музиката, која се слушаше низ цело маало.

Наместо одговор се слушна забрзано тропање од прескокнување скали и отклучување врата и за еден момент двајцата браќа беа во цврста братска прегратка бришејќи си ги еден со друг солзите радосници.

„Комшиии, шо е овај џумбус од сабајле, шо е себапот?“, се чу од зад високата ограда од плитар што ги делеше двата двора.

„Ела да ти кажам, нема белки шише преку ограда да фрлам за да са напиеш.“

И така за кратко време почнаа да светат сите прозорци низ маалата.

Се симнаа и внуците од брат му, така недонаспани, и веднаш се понудија да одат кај бабата и дедото за да земат мужде.

„Попосле ќе ојте кај баба, ко ќе излезит стариот на кафе“, им рече, па се заврте кон брата си и продолжи, „на стариов јас ќе му кажам, ќе го начекам низ парков ко ќе ојт на кафе сетне. Сакам да го фатам на тесно да му го зејме името, шо велиш, ќе кандисат?“

„Терсене е, ама белки ќе кандисат овај пат. Убо ти текна в чаршија да го начекаш. Ако е со некој од пријателите, од немајкаде ќе попуштит. Шо знам, пробај. Ако не пак, не са сосаја имината други“, го сподели со него размислувањето постариот брат Мирче.

Ближеше веќе 9 часот и Мише потрча кон стариот парк за да го сретне татко си и да го израдува. Му го знаеше табиетот дека е секогаш точен насабајле, па како по договор го здогледа на неколку чекори пред себе кога поминуваше низ кружниот дел на паркот, каде што во центарот опкружен со веќе прецветани трендафили се издигнуваше споменикот на народниот херој Мите.

„Татко, чекај. Требит мужде да дајш. Имам син. Сакам ти да знаеш пред сите и да кандисаш името да ти го обновиме“, скоро во еден здив изрецитира гордиот татко.

Стариот се заврте. Отсекогаш бил шкрт во изразување емоции. Но секако тоа не значеше дека не си ги сака синовите и внуците. Под орловскиот коскест нос се наѕре блага насмевка и смешно заиграа час на едната, час на другата страна белите хитлерски мустаки на Сотира.

„Ај честито. Жив и здрав да е“, и ја пружи сувата изработена мајсторска рака.

Мише ја фати и го искористи тој момент за да го повлече кон себе стариот, кој веднаш промрморе.

„Аман бре, ко женине ќе са гушкаме, ќе са бацвиме сега насред град.“

И додека траеше ова држ-недај поздравување и делење радост, од негде се зачу продорен женски глас.

„Ајде свату, ајде зету, да е живо и здраво малово. За име шо преме? Чекат в амбуланта за да го пишат“, се провикна Дана, која само што беше излегла од посета кај сестра си и внукот.

„Е таман и јас пак да та преопитам, татко. Шо преме?“

На срамот згора стариот се насмевна.

„Изгледа овај ќе е дородок во сојов. А и се ближи време да се одјавам“, и дигна рака за да ја избрка мушичката што не постоеше, ама му требаше за да му биде причина да ја избрише солзата што потече од неговото остарено зелено око и продолжи - „Ај нека е честито името на наследникот“.

Не издржа строгоста во него. Овој пат тој го повлече Мишета во прегратка, а потоа со забрзан чекор го продолжи патот со изговор дека доцни кај што се упатил.

***

На сликата горе: Дедо Сотир (се уште без мустаќите) со син му Мише в скут и другите синови

 

Извор:

https://off.net.mk/bookbox/otec-pimen-za-imeto?fbclid=IwAR1RmdoipGz7yhKrnVwOz48CkXe1vr_aotmotsskt6hJz8wQeuqHoLKbdJI

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2080
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2097
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная