Светиот цар Јустинијан
По потекло е Македонец од околината на Скопје. Словенското име му е Управда. Го наследи на престолот својот чичко Јустин. Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Веруваше и живееше според верата. За време на Чесниот Пост не јадеше леб и не пиеше вино, а се хранеше со зелје и пиеше вода секој втор ден. Завојува со дунавските варвари само затоа што ги кастрираа заробениците.
Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Беше среќен и успешен во војните и во работата. Изгради голем број прекрасни храмови, од кои најубав меѓу најубавите е Света Софија во Цариград.
Ги собра и ги издаде римските закони. Самиот издаваше многу строги закони против неморал и распусност.
Ја состави црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почна да се пее на литургија.
Го свика Петтиот Вселенски Собор во 553 година.
Се упокои мирно на 14 ноември 565 година во осумдесеттата година од својот живот и се пресели во Царството на небесниот Цар.
Holy Emperor Justinian
The Emperor Justinian was Macedonian from the area around Skopje. His Slav name is Upravda. He succeeded his uncle Justin on the throne. The greatness of this Emperor is inseparably connected with his deep orthodox faith. He was a faithful Christian and lived according to the commandments of the faith. During the Great Lent he did not eat bread, nor drank wine, but his meals consisted solely of vegetables and he drank water every other day. He started a war against the barbarians of the area by the Danube for the only reason that they used to castrate their captives. This is only one example of his great love for mankind. He had a great success both in the military and the state matters. He built many magnificent churches, among which the most magnificent one is the Great Church of Holy Sophia in Constantinople. He collected and published the Roman laws. Himself, he issued very strict laws against immorality and depravity. He composed the chant:” The Only-begotten Son and Word of God “, which since 536 became an integral part of the Divine Liturgy. In 553, he summoned to Constantinople the fifth Ecumenical Council. He died in peace on 14 November 565, when he was eighty years of age and inhabited the Heavenly.