логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

sv.Kliment..Ohridski.jpg


ОПШТЕСТВЕНО - ПОЛИТИЧКАТА, ЦРКОВНАТА,
ЕТНИЧКАТА И КУЛТУРНАТА СОСТОЈБА НА МАКЕДОНИЈА И НА ОХРИД, ОД АНТИЧКО ДОБА
И СЛОВЕНИЗАЦИЈАТА, ДО ВРЕМЕТО
НА СВЕТИ КЛИМЕНТА


II. 1) Нешто за Античките Македонци

"Александар Македонски, синот на Филипа, излезе од земјата Хетејска и го победи Дарија, персијскиот и индијскиот цар и се зацари место него во Елада... И така, откако царуваше дванаесет години, Александар умре."66

Што се случувало по времето на Александар Македонски на просторот на Македонија, на општествен, политички, културен и црковен план, останува се уште недоволно проучено во нашата научна и стручна литература.67 Како да постои еден неприроден скок и вакуум, просто, празен простор во се - и тој период трае се до населувањето на Словените на Балканот и во Македонија. Но, дури и да го прифатиме тој молк на науката за овој недоволно податлив или поточно, неистражен и непроучен период, сепак, не можеме и не смееме да прифатиме дека целосно исчезнала и се уништила една стара македонска култура и црква на еден така силен македонски народ кој го освоил светот во периодот на Александар Македонски. Секако, ние имаме природна врска со тој наш античко македонски и ранохристијански период и со нашиот стар прадедовски род. Навистина, тоа се стопило, мешајќи се со словенските племиња, но се слеало во единство.
Македонските Словени се измешале со Античките Македонци и од тој етнички и културен амалгам е создаден македонскиот етнос.68
Ние не можеме толку смело да тврдиме дека денешните Македонци се целосно, директни потомци на античките Македонци, иако има сериозна основа и да прифатиме дека сме и нивни наследници, од следнава проста причина: кога во Македонија се населиле словенските племиња, секако, тие овде нашле населен народ кој, можеби и тој не бил директен наследник на античките Македонци, бидејќи меѓувремено тука владееле Римјаните, а одвременавреме навлегувале и други народи и племиња. Но, вистина е дека во Македонија немало празен просторбез луѓе, оваа земја не била без луѓе, туку овде имало народ, имало племиња, кои малку или повеќе, имале некаква врска со староседелците - Античките Македонци. А Словените, било сосема природно да воспоставуваат врски со староседелците и да се измешаат со нив.
Навистина, можеби е премногу да се прифати се од "занесот" на романтичарите и преродбениците, но исто така, премногу е и тоа, ако се отфрли едно големо македонско царство, како она на Александар Македонски, ако се смета за немакедонско, односно не наше и дека ние немаме заедничко со тогашниот народ и ако се остави празен простор, поставувајќи ги нашите почетоци во средновековието.
Во современата цивилизација не постои народ кој е составен од еден - единствен етникум. По сила на неумолливите и драматични историски текови, одделни етнички маси биле асимилирани од други, но тие зад себе оставале значаен придонес во духовната и материјалната култура на човештвото. Во таа смисла, мешањето и на словенските племиња со староседелците на оваа наша почва (античките Македонци, Илири, Траки, Грци, Пеонци, Линкести) не е никаков исклучок. Вистина, основната маса на денешниот македонски народ се Словените, но тие не го нашле овој простор наполно испустен. Словените ја апсорбирале и нивната култура и притоа се создал народ со претежно словенски етнички елементи, со словенски јазик и со словенско - византиска култура. Во историјата на македонскиот народ, несомнено важна улога имал словенскиот карактер, но не може и не треба сосема да се отфрли и значењето на античките Македонци кои на овој народ му дадоа територија и име, а низ неговите жили тече и старомакедонската крв и живее нивниот дух.
Ние, Македонците, во свое време, пред повеќе од два милениума имавме силно македонско царство на Александар Македонски. Потоа, пред еден милениум, повторно имавме своја држава - македонското Самуилово царство и своја Црква - Охридската архиепископија. Но, државата ја загубивме. Поради разни прилики и неприлики, честопати паѓавме под туѓа власт, и тоа, час под едни, час под други властодржци, така што, не можевме со текот на времето да се развиваме и како цврста заедница.
Меѓутоа, и покрај неприликите и тешкотиите, нашиот човек наоѓаше сили да живее и како компактна заедница, бидејќи неговата Црква играше еден вид улога како општествена регулатива за неговиот национален бит.
Затоа, секогаш треба да ја истакнуваме значајната историска, библиска, црковна и духовна улога, најнапред на светиот апостол Павле, а потоа и на апостолите Андреј Првоповиканиот апостол Христов, на апостол Матеј, на апостол и евангелист Лука, па на апостолските ученици и соработници: Тимотеј, Сила, Аристарх, Гај, како и на светите словенски рамноапостоли Кирил и Методиј и нивните ученици, а посебно на свети Климент и на свети Наум. По нив продолжиле и други свети чувари и творци на нашата Црква и на нашата слобода, кои придонеле нашиот народ да се здобие со културни вредности од светски карактер, и тоа во многу домени на науката и уметноста.
Свети Климент Охридски посебно го истакнуваме, зашто тој уште во почетокот внесе во нас дух за љубов и правда, односно за чување на вистината Божја преку Црквата.

sv.Kliment.Ohridski2.jpg


II. 2) Македонија библиска и апостолска земја. Македонските Словени пред христијанизирањето

Распространувањето на христијанството во Македонија и на Балканот е поврзно со името на светиот апостол Павле69 и неговите соработници. Со апостолот Павле и со Македонија е поврзана и првата организирана црква во Европа, во градот Филипи.70 Оттогаш, христијанството се развивало и одомаќинило на овие македонски простори, па кога дошле Словените, овдека веќе имало цркви, манастири, епископства, митрополии и христијански центри.
"Во процесот на големата преселба на народите од средината на 4-от до средината на 7-от век, се одвивала и словенската колонизација на Балканот: долготрајно и низ продолжителни војни против староседелците. Со почетокот на 7-от век, територијата на Македонија веќе била колонизирана од словенските племиња: близу до Солун се населиле Сегудатите, поисточно од нив, Ринхините, позападно - Драговитите, по долината на Струма - Струмјаните, источно до Места -Смолјаните."71

На територијата од Македонија, христијанството пуштило корен уште од апостолско време. Словените од Македонија први од словенските племиња стапиле во допир со таа култура и постепено ги апсорбирале нејзините плодови. Населени меѓу христијани, тие не можеле да останат незасегнати од новата вера, макар што не ја напуштале и старата. Големите словенски заеници доселени во јужниот дел на Балканскиот Полуостров биле покрстени, веројатно, уште пред VIII век. Некои од нив достигнале и до највисоки јерархиски чинови. Со сигурност се знае дека цариградскиот патријарх Никита (768-780) бил Словен. Огромен е бројот на анонимни Словени што примиле христијанство на грчки јазик, но како граѓани на византиската империја, тие биле асимилирани и елинизирани. Се додека не била создадена словенската христијанска култура, Словените во Македонија, како и на други места на Балканот, биле изложени на силни елинизаторски аспирации од страна на византиската власт, главно, преку христијанизирање. Поради тоа, просветителската мисија на солунските Браќа, светите Кирил и Методиј, со право се смета за еден од најкрупните настани во историјата на словенските народи. Познато е дека од нивната мисија набргу произлегле неколку значајни резултати; прво, верата во еден Бог, милостив Отец на сите луѓе, ги ослободувала нашите предци од стравот пред многубројните осветнички божества. Второ, уште во почетниот, во подготвителниот стадиум на мисијата, биле оформени три извонредно важни новости со далекусежни последици: ново писмо, нов богослужбен јазик и нов превод на избор од најважните богослужбени книги.72
Меѓутоа, треба да се поврзе словенската христијанска традиција со ранохристијанската. Не случајно заживува култот кон апостол Павле, кој проповедал и во Македонија. И братот на свети Петар, апостолот Андреј е присутен во Црквата во Македонија, па затоа, токому нему, свети Наум Охридски му напишал канон. С. Кожухаров го откри Наумовиот канон посветен на апостол Андреј, кој проповедал во Херсон, Русија, во областа на идниот Киев; а потоа и во: Тракија, Македонија, Тесалија, Византион. Како што Константинопол се повикувал на апостолот Андреј на првенството пред Рим, исто така и македонската апостолска традиција, со право се повикала и може да се повикува и на апостолот Андреј.
П. Миљковиќ-Пепек убаво ја објаснил живописната слика и присутноста на апостолите Петар и Андреј, наспроти свети Климент и Константин Кавасила, во црквата "Света Богородица Перивлепта" во Охрид, од 1293 година. Разбирлива е тука врската и асоцијацијата меѓу светиот апостол Андреј и свети Климент.
Навраќањето кон старите традиции, особено барањето на врските со ранохристијанските претставници е важно заради засилувањето на традицијата.73
Во Преспа е раширен култот на свети Ахил, а не помалку се проширил и култот на Тивериополските маченици, кои пострадале во IV век.
Не е случајно поврзувањето на светите Кирил и Методиј и на свети Климент со христијанските апостоли. Тие се претставуваат рамни на апостолите, бидејќи и тие како апостолите Павле и Андреј, евангелист Лука, како свети Еразмо и како другите апостоли, го ширеле и проповедале христијанството меѓу СлОвените.


11.3) Црковно-историско средновековие. Охрид во ранохристијанскиот период

Македонските Словени, откако се населиле на оваа територија, уште во првите векови на христијанската ера, тие неа не ја напуштиле, без оглед на сите превратности и тешкотии.74 Населувајќи ја оваа земја, групирани во здрави племенски јадра, тие веднаш ја зајакнале својата егзистенција и, иако одвреме навреме и биле потчинети на Византиската империја, сепак, никогаш не престанале да бидат господари на своето внатрешно уредување.75 Тие се населиле на Балканот и останале тука, станувајќи важен фактор на сите овдешни збиднувања уште од византиската историја 76 Долго време тие живееле како разединети племиња, во одделни кнежества; и дури многу подоцна се обединиле во едно големо царство 77 Во X век, моќта на македонската држава толку пораснала, што за време царувањето на цар Самоил (976-1014 г.) Македонија владеела со голем дел од Србија, Бугарија, Епир и Албанија."78
Словените, населувајќи се на територијата на сегашна Македонија, истовремено го примале христијанското учење од поранешните жители што останале тука, а заедно со него и христијанската култура. Христијанските општини овде ги основале првите следбеници на Христа и, главно, тие се плод на дејноста на светите апостоли Павле,79 Андреј80 и од 70-те апостОли: Лука, Тимотеј, Сила, "Гај и Аристарх -Македонци, Павлови придружници".81
"Со населувањето на Словените, скоро насекаде во Македонија била сериозно погодена постојната црковна организација. Напаѓајќи ги градовите во заедница со Аварите, Словените, покрај другите згради, ги рушеле и "божјите храмови", - се вели во житието на Тивериополските маченици. Тоа е разбирливо, бидејќи Словените дошле во Македонија со својата многубожечка вера,82 со своите обичаи и бит, кои не им биле својствени на староседелците - христијани. Населените Словени, - пишува Теофилакт, - "не знаеле за Христовото име, му служеле на скитското безумие, како на сонцето, така и на месечината и на другите ѕвезди, а некои, пак, им принесувале жртва и на кучињата".83
"Извршената христијанизација на староседелците била еден од факторите што влијаеле и Македонските Словени да ја примат христијанската вера. Друг фактор што уште посилно и организирано влијаел, Македонските Словени да го примат христијанството, била византиската држава, со својата неразделна помошничка - црквата."84
Уште од крајот на VI и почетокот на VII век во Македонија биле извршени коренити етнички измени. Разорениот и ограбениот град Лихнид добил чисто словенско име Охрид. Во науката се искажани повеќе мислења како градот Охрид го добил своето име.85
Охрид, некогашен Лихнидос, претставува македонска, духовна, црковна, јазична, книжевна, политичка и уметничка ризница низ вековите на брегот од Охридското Езеро. Тој е еден од најголемите природни музеи на Европа.
Со три свои значајни историски периоди Охрид влегува во европската историја:
Тоа е периодот на дејноста на словенските просветители свети Климент и свети Наум Охридски - кон крајот на IX и почетокот на X век;
Периодот на првата држава на Македонските Словени, позната како Самоилово царство, кон крајот на X и почетокот на XI век. И со периодот на Охридската архиепископија.

 

 

sv.Kliment.svJ.Zlatoust.jpg


Од книгата: Библијата во делата на Свети Климент Охридски
на протоѓакон Ратомир Гроздановски


Подготви : Стојанка Тежак

СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА ЕВАНГЕЛИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

 Проф. Ратомир Гроздановски- Светиклиментовиот приод кон светатa Библија

Друго:

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (7)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная