логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Денес, на денот на светиот Григориј епископ Охридски и свети Георгиј Хозевит, Божествена Литургија отслужи Митрополитот Струмички г. Наум.

Во она време, кога виде Исус многу народ, се сожали, зашто беа изнурени и прснати како овци без пастир. Тогаш рече на Своите ученици: жетвата е голема, а работници малку, затоа, помолете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва (Матеј 9, 36-38).

Во толкувањето на денешното евангелие Владиката г. Наум рече:

Што ли си вели Богочовекот Христос за денешната жетва и за денешните работници? И ако тогаш се сожали, кога Он беше непосредно со нив, што ли чувствува сега? Тргнувајќи од самиот себе, тешко ми е дури и да размислувам за ова. Од друга страна пак, тоа е и единствениот правилен начин за читање на Евангелието: да тргне човек самиот од себе, постојано да се проверува со Евангелието, најнапред и единствено самиот себе. Евангелието Христово е вечно актуелно...

Но што значат Господовите зборови, дека жетвата е голема, а работниците се малку? Првиот дел од реченицата е сигурно разбирлив за сите. Доволно е да пресметаме само колкав број од тие што се крстиле православни, во недела (денот на Воскресението) или на некој празник, е присутен на Божествената Литургија и ќе сфатиме дека тој број е многу мал. А ако пресметаме колкав број, и од тие што се присутни, зема живо учество во Светата Евхаристија, преку причестувањето со Светите Тајни, тогаш ќе видиме дека тој број е просто разочарувачки. Затоа и Господ Исус им рекол на Апостолите: одете најнапред при загубените овци на Израилевиот дом (Мат. 10, 6). Истиот повик е актуелен и денеска затоа што огромното мнозинство се само номинални и само по име православни христијани, а малкумина се подвизуваат правилно. А да не заборавиме дека во жетвата спаѓаат сите луѓе, од почетокот па до крајот на векот и светот; од сите народи, од сите раси, од секоја возраст и од секоја вера...

Вистинскиот проблем се наоѓа во вториот дел од реченицата: а работници малку! Што сака да каже Христос со тоа ‘малку’? Ајде да речеме дека тогаш биле навистина малку работници на број, но денес, кога евангелски работници гледаме често меѓу нас, како да мислиме дека се малку? Господ сака да каже дека, има малкумина што правилно се подвизуваат. Дека има малкумина на кои, свештеничкиот чин што го носат им одговара на нивната внатрешна духовна состојба. Пастирот по стадото се препознава. Дрвото по плодовите (Матеј 7, 16–20). А каде што е трупот, таму и орлите се собираат (Матеј 24, 28)... Некој мудрец отприлика рекол: најлесен начин за човек да се осуди самиот себе е да пишува, односно кога пишува токму тоа и го прави. А реченото е во сѐ согласно со Евангелието: оти по зборовите свои ќе бидеш оправдан, а по зборовите свои ќе бидеш суден (Матеј 12, 36–37).

Познато е дека, светите Отци во својот духовен подвиг забележале три нивоа на духовниот развој, предавајќи ни ги нам како свој духовен опит: ‘чистење на срцето’, ‘просветлување на умот’ и ‘обожение’. Оваа поделба ја наоѓаме кај многумина од Отците, иако можат да се сретнат различни називи. Свети Никита Ститат, на пример, вели дека постојат три степени во напредувањето кон совршенството: ‘почетна состојба на очистување’, ‘преодна состојба на просветлување’, ‘мистична состојба на совршенство’. Во теологијата на свети Максим Исповедник овие три степени се претставени како ‘практична философија’ (очистување), ‘природно созерцание’ (просветлување на умот) и ‘мистично богословие’ (обожение).

Но што треба да знаат пастирите или оние што сакаат тоа да станат? Отците бараат да се почитува правилото по кое примањето свештенички чинови соодветствува на трите степени на духовниот раст. Да се потсетиме, постојат три степени во свештеничкиот чин: ѓаконски, презвитерски и епископски. Овие три степени се соодветни на трите степени од духовниот развој: ‘чистење на срцето’ (пракса), ‘просветлување на умот’ (теорија) и ‘обожение’ (теологија). Свети Максим ги поврзува трите стадиуми на духовниот живот со трите степени на свештенството. Тој пишува: „Делото на ѓаконот го врши оној што го вежба својот ум за свештени подвизи и ги изгонува од себе страсните помисли, а делото на презвитерот го врши оној што го просветлува својот ум во познание на создадените битија и со тоа го уништува лажнонареченото знаење (на интелектуалците); додека, делото на Епископот го има оној што го восовршува својот ум со светиот мир на познанието на обожуваната и Пресвета Троица.“

И во списите „За црковната ерархија“ на свети Дионисиј Ареопагит се опишуваат три степени од духовниот живот, наречени очистување, просветлување и совршенство (обожение), кои се поврзуваат со трите степени на свештенството: Епископите во потполност ја поседуваат моќта на просветлувањето... Нивната задача не е само да просветлуваат туку и да восовршуваат. Свештениците се просветлени и просветлуваат, додека ѓаконите очистуваат и знаат да расудуваат.

Накратко кажано, можноста што добрите Пастирите ја имаат за духовното раководство кон просветлување и восовршување, заедно со учеството во Светите Тајни на Црквата, го очистуваат, просветлуваат и восовршуваат (обожуваат) народот Божји. А, ако не ги восогласиме состојбите, лични и црковни, со учењето на светите Отци, не можеме ни да очекуваме некакви подобри резултати во нашето пастирско работење. Епископите на Православните Цркви и понатаму воглавно ќе се занимаваат со славољубие (со политика и со етнофилетизам), презвитерите и понатаму воглавно ќе се занимаваат со среброљубие, а останатиот народ и понатаму ќе се занимава, едни (номиналните) воглавно со блуд, а други (неправилно духовно раководените) воглавно со озборување, со лажење, со судење и со осудување – на првите, на вторите и меѓусебно...

И за на крај, што значи тоа: Бесплатно добивте, бесплатно давајте (Матеј 10, 8)? Па, прво треба пастирот, затоа што за него се однесува, да знае што добива и што дава... А второ, создадениот кога ќе го прими несоздаденото, ќе сфати дека што и да направил за да го добие, навистина бесплатно го добил. Тогаш ќе сфати дека и единствено бесплатно ќе може да го дава... Со сосема други очи го гледаат создаденото оние што го гледаат од перспектива на Царството Небесно, а со сосема други очи, оние што го гледаат од перспектива на земја, на кал и на црви. Господи, помилуј...!

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная