логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

bludniot sin

1. „Ќе биде глад“ – Рече пророкот оплакувајќи го Ерусалим, но не глад за леб и вода, туку глад за зборот Божји (Ам. 8; 11). Гладот е состојба на лишување, а воедно и желба за најнеопходната храна. Меѓутоа, постои и глад кој е пострашен и помачен од секој глад, а тоа се случува кога човекот е лишен од она што е неопхоно за спасение, не ја разбира својата несреќа и нема желба за спасение.

Гладниот човек кој не наоѓа храна пребарува сè, долж и попреку, за да најде леб; Па се радува и кога би нашол и мувлосано тесто, или кога некој ќе му понуди погача од просо или трици, или било каква друга полоша храна. Така и човекот кој е духовно гладен, кој е лишен од духовната храна, а има желба за неа, пребарува сè, долж и попреку во потрага за оној кој има дарба за учење од Бога; ако го најде, со радост го прима духовниот леб, односно спасителниот збор. Ваквиот збор не може да не го најде оној кој упорно го бара: Секој кој бара ќе добие, и кој трага ќе најде, и кој чука ќе му се отвори вели Господ (Лк. 11. 10).


2. Постојат и такви кои во повеќедневно умствено гладување ја губат желбата за храна. Тие стануват неосетливи за загубата (што ја трпат) и заради долготрајна духовна глад ја губат и самата желба за да ја задоволат. Тие стануват небрежни, па дури и кога е тука учителот, одбиват да ги слушат поуките. Кога не би имале учител, не би го ни барале, туку би живееле погрешно дури и од блудниот син. Иако со своето заминување (од далечување) беше лишен од заедничкиот Хранител, Татко и Господар, блудниод син кој запаѓаше во сè поголема глад, се покаја, се врати и одново доби боженствена и чиста храна, и благодарејќи на покајанието до таа мера се здоби со даровите на Духот, па стана предмет на завист на богатиот.


3. Меѓутоа да тргнеме од почеток и на вашата љубов да ѝ ја изложиме ова Господова евангелска парабола (приказна) која денеска, како што е вообичаено, се чита во црквите.


4. Еден човек – вели Господ имаше два сина. Под изразот “човек” Господ овде се става Самиот Себе, и тука нема ништо чудно. Ако Тој заради нашето спасение, навистина стана Човек, зошто тогаш би било чудно ако заради наша корист (во приказна) Себе се претстави како еден од луѓето – Тој Кој, како Господар и Творец е и едно и друго, Кој секогаш се грижи за нашата душа и тело, и Кој единствено покажа преголема љубов и грижа спрема нас, дури и пред да постанеме?


5. Тој нас, како што Сам вели, ни го припреми вечното наслетство на Царството уште пред да настане светот (Мт. 25. 34). Претходно заради нас ги создаде ангелите кои, како што вели Павле, се праќат на служење заради оние што треба да го наследат спасението (Евре. 1, 14). Претходно, исто така ради нас, над целиот тој видлив (чувствен, сетилно достапен) свет го спростре небото, подигнувајќи го како една заедничка и за сите достапна скинија над овој краткотраен живот, небото кое секогаш е движечко, многудвижечо и недвижечко. Недвижечко е затоа што со своите промени не би предизвикало пропаѓање на она што таму живее; многудвижечко пак затоа што се мисли дека со урамнотежени движења самото себе си го задржува својственото место. А бидејќи пак секогаш движечко во самото себе, тоа со себе носи мноштво на звезди, за од тоа да се научиме на минливоста на сегашниот живот и со тоа да се насладуваме, со сè што е под небото, и со сè што е над нашите глави. Тој заради нас, а уште пред нас создал големо светло да управува со денот и помали светила да управуват со ноќта. Нив и други звезди ги постави на небесниот свод да се движат во ист или во спротивен правец како и сводот, разнолико да се соединуват или разединуват, за да ни послужат како знаци за време и периоди. Ова не ѝ е потребно нити на умствената (духовна) природа која е над чувственото (сетилните воочливи појави), нити пак на бесловесните животни кои се раководат единствено со своите сетила. Тоа е, секако создадено за нас, за со своите сетила да се насладуваме, исто и со другите, видливи дарови и убавини чии знаци, со посредништво на сетилата ги примаме во умот.


6. Тој заради нас ја утврди земјата, го спростре морето и над него богато го изли воздухот. Над воздухот пак премудро ја поставе стихијата на огнот, како би го урамнотежил прекумерниод студ во она што е под него, но и да остане сочувана топлината на тој оган во неговата област. Бидејќи и на бесловесните животни, заради нивниот опстанок му е потребно исто што и на луѓето, сепак нив ги создал пред нас за да му служат на луѓето, како што во Псалмите вели пророкот Давид (Пс. 103, 14).


7. И пред да нè создаде нас, нашиот Творец заради нашиот телесен опстанок целиот космос го изведе од небитие. Што сè не направи доброљубивиот Господар за да ја поправи нашата нарав и да нè приведе кон доброчинство? И самиот овој видлив космос го создаде како своевидно огледало, надкосмичко (надсветовно, надземно), за низ овдешното духовно созерцание, како по некоја чудесна скала, да би можеле да се издигнеме кон оној повисок свет. Поставил во нас природен (вроден, вкоренет) закон како некое непопустливо начело, како некој непогрешлив судија кој не може да се доведе во заблуда, т. е., нашата сопствена совест. На тој начин, нам, доколку ги средиме своите мисли не ни е потребен друг учител за разбирање на доброто. Ако правилно го пренесеме умот кон перцепција на надворешното, тогаш, според зборовите на Апостолот „оти она, што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божеството, се гледа уште од создавањето на светот, гледани според нивните созданија, па така тие немат изговор“ (Рим. 1. 20).


8. Откривајќи го познавањето на доблестите низ природата и созданието, Тој постави ангели-чувари, подигна отци и пророци за да нè раководат, покажа знаци и чудеса кои водат кон верата, ни даде пишан Закон, кој му помага на законот положен во нашата словесна ( разумна) природа и на познанието добиено од набљудувањето на созданието. Конечно, бидејќи ние сето тоа го запоставивме – о, каква лежерност од наша страна и напротив, какво долготрпение од срана на Оној Кој нè љуби – Тој Самиот Себе се предаде за нас, потиснувајќи го богатството на Своето божество во нашата слабост, примајќи ја нашата природа , и бидејќи стана човек како што сме ние, благоволи да стане наш Учител. Тој Самиот нè поучува за возвишеноста на човекољубието, покажувајќи го тоа и со збор и со дело и не потикнува да го подражаваме Неговото сострадување кон луѓето, додека истовремено оние што му се послушни ги одвраќа од каменосрдноста.


9. Дарот на љубовта е својствен на оние што управуват со државата, пастирите на овците и оние што господарат со сопствен имот. Меѓутоа, тој тука не е толку силен како кај оние кои се поврзани крвно и кои се во сродство, а посебно како кај татковците и нивните деца. Затоа, Тој нивната љубов ја насочува како пример на Своето човекољубие, нарекувајќи се Себе си Човек и Отец на сите нас, бидејќи и постана Човек заради нас и нè препороди низ божествено крштение и благодата на Својот божествен Дух.


10. Така, Човек некој, вели Тој, имаше два сина. Овде разликата во наравта ја разделила природата на два дела, како што разликата помеѓу доблеста и гревот водеше кон диференцијација на мноштвото на две целини. И ние некогаш за некоја личност велиме дека е двојна кога има дволична нарав, како што велиме и тоа, дека многумина претставуват едно кога се меѓусебно согласни. И помладиот син му рече на татка си – навистина “помладиот”, бидејќи постапил како младенец (незрело) и сосема неразумно. Така и гревот, кој го смислува некој и доведува до отпаѓање (од Бога), е помлад и по потекло втор, покрај нашата зла волја. Доблеста е постара по потекло, таа вечно постои во Бога, и неа Бог , по Својата благодат, од почетокот ја положил во нашата душа.


11. Помадиот син пристапил кон татка си и рекол: Татко, дај ми го делот кој ми припаѓа мене. Каква е тоа непромисленост! Тој не паднал на колена, не замолил, туку просто “рекол,” и не само тоа, туку настапил како да бара враќање на долгот од Оној Кој по благодата на сите им дава сè. Дај ми го делот кој мене ми припаѓа. Каков закон е тоа и како може да биде праведен, ако по него татковците се должници на своите деца?! Напротив, и самата природа покажува дека децата се должници на своите родители. зашто од нив примиле живот. Ова ја покажува незрелоста на неговото размислување.


12. Што направи Оној Кој им дава дожд и на праведните и на неправедните, и му заповеда на сонцето да светли и на лошите и на добрите? Тој им, вели, подели го имотот. Гледаш ли дека на овој Човек и Татко ништо не му недостасува? Некој друг, имено, не би го разделил имотот само на двајца и на два дела, туку третиот дел би го задржал за себе. Тој, меѓутоа, како Бог, како што вели и пророкот Давид, нема потреба од нашите добра (Пс. 15, 2) туку само на двајцата синови им го разделил имотот, т. е., целиот свет. И како што една природа која се должи на различноста на наравот се дели на два дела, така се дели и еден свет поради различното користење. Еден, на пример, вели: Цел ден Господи ги пружам рацете кон тебе (Пс. 87, 10), Седум пати на ден те фалам за праведните судови Твои (Пс. 118. 164), На полноќ станував да ти се исповедам за праведните судови Твои (Пс. 118. 62), Се потпрев на зборовите твои (Пс. 118. 42) отсекувајќи ги сите пориви на телото кои водат кон сладострастие. Друг пак, го поминува денот во пијаничење и бара каде има некоја пијанка, а ноќта ја поминува во недолични и беззакони дела, брза да прави скриени замки или отворено да ги оствари злите намери, брза да краде пари и да смислува зло. Зар тие двајца не ја делат истата ноќ и истото сонце, а пред ова и истата природа, користејќи ги и едното и другото на потполно различен начин? Бог на сите подеднакво им ја разделил целата творевина, препуштајќи му на секого по своја воља како да ја употреби.


13. И после неколку дена, вели, собра помладиот син сè свое, и замина во земја далечна. Зошто не отишол веднаш, туку дури после неколку дена? Затоа што лукавиот дошепнувач ѓаволот не му предлага на човекот одма самоволие и грев, туки постепено и вешто нè поткрадува, ни дошепнува и вели: “Ако живееш по сопствена волја, не посетувајќи го храмот Божји и не грижејќи се за учењето на Црквата, ќе можеш да видиш што треба да правиш, а да не се одалечиш од доброто”. Кога некого ќе го одели од свештените богослужења и од слушањето на свештените учители, со самото тоа го оделува и од Божјиот надзор и го предава на лошите дела. Бог е секаде присутен; само едно е далеку од доброто (од Бога), а тоа е злото во кое се наоѓаме заедно со гревот и посредништвото со кое и ние се одалечуваме од Бога. Безакониците нема да стојат пред очите Твои, му говори на Бога пророкот Давид (Пс. 5, 6).


14. Така младиот син се одалечил (од својот Татко) и отишол во далечна земја каде што, вели, го потрошил имотот свој живеејќи развратно. На кој начин го потрошил имотот свој! Нашиот главен имот и богатство е – нашиот роден ум. Сè дотогаш додека се држиме до спасоносниот пат, умот е насочен кон себе и кон Првиот и Најголем Ум – на Бога. Кога пак ќе ја отвориме вратата на страстите, тој брзо се расипува, во секој момент лута по телесни и земни работи, по разноразни наслади и страсни помисли кои се поврзани со нив. Богатството на умот е здрав разум кој пребива во него и способен е да разликува добро од зло се додека останува послушен на заповедите и советите на највозвишениот Отец. Ако тој ја извади уздата, тогаш се расипува во блуд и безумие, се расипува – час на едно, час на друго зло.


15. Истото се однесува и на секоја наша доблест и сила, тие навистина се наше богатство кое се расипува ако се препушти на дејствувањето на многуликото зло. Самиот ум го управува својот копнеж кон единосушниот Бог, единственото богатство, единственото посакувано, единственото што пружа вистинска наслада, непомешана со било какво страдање. Кога пак умот ќе отапи, тогаш душевната сила на вистинската љубов се оттргнува од ова пожелното, и се расипува на разни аспираци за наслада: час се расипува на желба за јадења кои не се неопходни, час на недолични желби на телото, час на желби за некорисни работи, а понекогаш го привлекува напразна и неславна слава. Така несреќниот човек се расипува на ситници: бидејќи врзан за таквите работи, тој и самото сонце, и самиот воздух, тоа заедничко богатство го набљудува и дише без задоволство.


16. Самиот наш ум, кој не отстапил од Бога, побудува во нас гнев против ѓаволот и ја употребува душевната одважност за борба против лошите страсти, против кнезовите на темнината, против духовите на злото. Ако не се придржува кон Божјите заповеди и кон Господа кој го наоружал, тогаш војува против ближните, беснее на своите сонародници, се лути на оние кои не ги одобруват неговите безумни аспираци, па така, овој, човекот станува човекоубиец, уподобувајќи се не само со бесловесните животни, туку и со влекачите и отровниците. Оној кој е поставен помеѓу синовите Божји станува како скорпија или змија, како пород аспидин. Гледаш ли на кој начин го потрошил и изгубил својот имот? И кога потроши сè, вели, (младиот син) почна да му недостасува. Гладувал, но се уште не помислувал на тоа да се преобрати, бидејќи беше развратен. Затоа отиде кај еден жител на таа земја, и тој го запосли во полето да чува свињи.


17. Кои се граѓаните и властите на таа земја која е далеку од Бога? Тоа се, секако, демоните, под чија власт синот на Небескиот Отец стана жител на разбојничко дувло, и главен цариник, и водач на разбојници, и предводник на бунтовници, бидејќи секоја страст заради крајна нечистотија се нарекува свински начин на живот. Свињите пак ги претставуват оние кои се валкат во блатото на страстите. Помладиот син пак, надминувајќи ги сите по сладострастие, стана нивен предводник, бидејќи не можел да се насити со рокчињата што тие ги јаделе, т. е., не можеше да ја задоволи својата страст.


18. Како може телесната природа да не е доволна да му служи на похотите на сладострасникот? Кога ќе се најдат во рацете на златољубив или среброљубив човек, златото или среброто ги зголемуват и потребите. Колку злато или сребро да задобијат, толку поголема станува желбата во нив, така да, и целиот свет не би бил доволен за еден среброљубив или властољубив човек. Зашто таквите луѓе се многу а светот е еден, и како воопшто може некој од нив да ја задоволи својата страст? Така и оној кој отстапи од Бога не можеше да се насити, “зошто никој не ти даваше. ” И кој би му дал? Бог беше далеку, и единствено созерцувајќи го Него оној кој созерцува може радосно да се насити, како што е и кажано: А јас во правда ќе се јавам пред лицето Твое: и ќе се наситам кога ќе ја видам славата Твоја (Пс. 16. 15). Нечестивиот не сака на човекот да му дозволи да ги засити своите срамни желби, бидејќи во колебливите (во оние што се склони на промени) ситоста обично предизвикува пресвртница во односот кон тие желби. Така што со право никој не му дал да јаде.


19. Дури тогаш, кога дошол при себе и сфатил во каква лоша состојба се наоѓа, овој син кој се одвоил од Татка си, почнал да се оплакува себеси говорејќи: Колку наемници кај мојот Татко имаат леб одвишок, а јас умирам од глад! Кои се тие наемници? Тоа се оние кои добиват спасение како плата за покајничките солзи и смирението. Синови пак се оние кои заради љубовта кон Него се покоруват кон заповедите Негови, заради што Господ вели: Ако некој ме љуби, ќе го пази зборот мој (Јн. 14. 23).


20. Значи тој помлад син, се лишил себеси од достоинството на син и по сопствена волја отпадна од свештената татковина. Кога пак западна во глад, се осуди самиот себе, се смири и во покајание рече: Ќе станам и ќе отидам кај својот Татко, па ќе му речам: Татко згрешив кон небото и кон Тебе. Оправдано рековме на почетокот дека Таткото во ова приказна е Бог: како инаку синот кој го оставил таткото свој му згрешил на небото, ако тоа не би бил небесниот Отец? Тој, значи, вели: Згрешив кон небото. т. е., против светиите на небото, чие живеење е на небесата, и згрешив кон Тебе, Кој со Своите светии живееш на небото. И повеќе не сум достоен да се наречам твој син: прими ме како еден од Своите наемници. Претпазливо, во сегашното смирение рекол: Прими ме, бидејќи никој со сопствена сила не пристапува на скалилата кои водат кон добродетелта, сепак тоа не се случува без човековата слободна волја. И стана , вели, отиде кај својот Татко. А кога уште беше далеку. . . Како треба да го сфатиме тоа дека “отишол”, и дека истовремено “бил далеку”? Зошто татко му сожалувајќи се на него, излегол да го пречека? Човек кој од дното на душата се кае, со тоа што има добра волја и отстапил од гревот, се приближува кон Бога. Меѓутоа, сметајќи дека се уште се наоѓа под тиранијата на лошите навики и погрешни сфаќања, тој се уште се наоѓа далеку од Бога: за да се спаси потребно му е голема милост и помош од небесата.


21. Заради тоа Отецот на секое добро се смилува кон него и излегува да го пречека, го прегрнува, го бакнува и му заповеда на слугите т. е., свештениците, да го облечат во првобитната свечена облека, т. е., во достоинството на син, во кое порано бил облечен преку светото Крштение. Заповеда да му стават и прстен на раката, т. е., на еден дел од душата, која ја симболизира раката, да му се стави печат на созерцателна добродетел како залог на идното наслетство. Исто така, вели на нозете да му се стават обувки, т. е., божествена заштита и сигурност, која му дава моќ да гази на змии и скорпии и на секоја сила ѓаволска. Исто така, заповеда да се доведе угоено теле, да се заколе и да се постави за јадење. Ова Теле е Самиот Господ, Кој излегува од скриеното Божество, од престолот кој се наоѓа над сè постоечко, за да се јави како Човек на земјата, како теле биде заклан (жртвуван) за нас грешните и да ни се понуди Самиот Себе како Леб за храна.

UI-1459943-avatar

22. Покрај тоа, Бог заедно со светиите Свои се радува и весели, прифаќајки по Своето големо човекољубие она што е за нас својствено и говори: Дојдете да јадеме и да се веселиме. Меѓутоа, стариот син се налутил. Мислам дека Христос тука ги претставил Јудејците кои се налутија поради повикувањето на незнабошците, како и книжевниците и фарисеите кои се соблазнуваа на тоа што Господ ги прифаќа грешниците и јаде со нив. Ако пак ова сакаш да го сфатиш во таа смисла, дека тука се говори за праведниците, што е изненадувачки бидејќи ни на праведниците не му е познато целото богатство а милосрдието Божјо, зашто тоа е над секој човечки ум? Затоа заедничкиот Отец се натажува и го поучува на праведност, говорејќи му: Ти си секогаш со мене и учествуваш во непроменливата радост. Треба да се развеселиш и зарадуваш, зошто овој твој брат беше мртов, и оживеа: изгубен беше, и се најде. Беше мртов заради гревот, но воскресна благодарение на покајанието; пропаѓал бидејќи не се наоѓал во Бога. Но, кога беше пронајден, ја исполнил небесата со радост, како што е напишано: Голема е радоста на небесата за грешникот кој се кае (Лк. 15. 7).


23. А што навистина го разжалостило стариот син? Мене никогаш не си ми дал ни јаре да се развеселам со пријателите мои. А кога дојде тој твој син, кој го потроши имотот Твој со блудници, му закла теле игоено: до таа мера е обилна милоста Божја кон нас, како што вели првиот меѓу апостолите, Петар, и самите ангели би сакале да се приближат кон благодата која ни се дава низ Неговото овоплотување, како што и Аврам сакаше да го види денот Негов. Меѓутоа, Тој тогаш не дојде; а кога дојде, не ги повика праведните, туку грешните на покајание и ради нив се распна, земајќи ги на Себе гревовите на светот, бидејќи каде што се умножи гревот таму уште повеќе се умножува благодата (Рим. 5. 20)


24. А тоа што на праведниците, и покрај нивните барања, не им даде ни едно јаре, т. е., ниеден од грешниците, можеме да видиме како и на основа на многу други примери, така особено, и од гледиштето на светиот и блажен Карп. Тој ги преколнувал некои зли луѓе и зборувал, дека не е праведно безакониците и оние кои ги искривуват правите патишта Божји да се остават во живот, но, не само што не бил услишан, туку и го почувствувал незадоволството Божјо, зборовите кои нè учат да не ги проколнуваме луѓето кои живеат во грев, бидејќи на таквите Бог им дава време за покајание ( “Еве удри ме”, му рекол Бог на Карп во видение, “спремен Сум уште многу пати да бидам распнат за спасение на луѓето, помило ми е тоа, отколку да гледам како луѓето грешат. А ти види дали ти е помило да се најдеш во провалија заедно со змијата, која исто како и ти ги мрази грешниците и сака да ги погуби, или сакаш да бидеш на небото заедно со Бога и со човекољубивите и добри ангели?”). Значи, Бог на оние кои се каат и Отецот на милосрдието им ја кажал оваа приказна (за блудниот син), да би го покажал и претставил тоа, дека на оние кои му се обраќат со покајание Тој им дава големи дарови – дарови кои предизвикуват завист.


25. Да се зафатиме и ние, браќа, со покајание на дело, да се отргнеме од лукавиот и од неговите пастири. да бидеме далеку од свињите и од трошките со кои се хранат, т. е., од гнасните страсти и од оние кои се приврзани за нив; да се одвратиме од лошото пасиште, т. е., од лошите навики; да бегаме од земјата на страстите, т. е., од неверувањето, незаситеноста и неумереноста, да бегаме од земјата во која владее тешка глад за доброто, и тешка состојба, пострашна и од гладот; да потрчаме кон Отецот на непропадливоста, Дародавецот на животот, одејќи со посредство на добродетелта низ животот, бидејќи таму ќе го најдеме Него, Кој човекољубиво ни излегува во пресрет и ни дарува опростување на гревовите, бесмртност, залог за идното наслетство. Така, и блудниот син, како што нè учи Спасителот, за целото време додека престојуваше во земјата на страстите, иаку помислувал, па дури и изговарал зборови на покајание, сепак не добивал никакво добро се додека не ги напуштил сите тие грешни дела и не притрцал кон Отецот. Кога пак го добил она што ја надминувало неговата надеж, конечно во смирение го поминал остатокот на својот живот, живеејќи целомудрено и праведно и чувајќи ја неповредена божествената благодат обновена во него.


26. Така и ние да ја задобиеме и сочуваме неповредена оваа благодат, за да би се радувале заедно со блудниот син во идниот век, во Горниот Ерусалим, Мајка на сите живи, во Црквата на првородените, во Самиот Христос Господ наш, кому доликува слава, во сите векови. Амин.

Превод: Ѓоко Павловски

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная