логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Митрополит Атанасиј Лимасолски

✤✣✤

„Не можам да издржам“

✤✣✤

Неправда! Тоа е кога човекот самиот себеси се онеправдува. Кога сме онеправдани? Кога немаме правилен однос со Бога. Тоа е неправда, зашто нашето „јас“ е болно, немоќно и недоволно. Правда е кога ќе стекнеш правилен однос со Бога, а со тоа и со сите луѓе. Правда е кога постапуваш во согласност со Божествениот Дух. Како вели Христос? Ако некој те гони, ти немој да го гониш него, ако некој те удри по едниот образ, ти сврти му го и другиот. Тоа според размислувањата на светот е безумство, нели? Многу луѓе, особено младите денес велат: „Добро, жртви ли сме? Глупави ли сме? Прости ли сме? Некој да дојде и да ме удри и јас да не реагирам? Т. е. цел живот општеството да нѐ смета за будали?“ Таква е светската логика, така мисли човекот. Но Христос дојде и ни кажа дека блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е Царството Небесно (Матеј 5, 10). Кога човекот е гонет заради правда, тоа не значи дека тој по секоја цена треба да најде некој што ќе го гони, може и никој да не го гони, може прогонства и да не се случуваат. Но, човекот треба да ги прогонува своите страсти. На пример, денес луѓето судат за нештата според она што им се допаѓа. „Мене така ми се допаѓа!“, ти вели, и те прашува: „Зошто, лошо ли е тоа? Мене така ми се допаѓа и јас судам за нештата и делата на луѓето според она што мене ми се допаѓа“. И треба да го убедиш другиот, младиот, детето, дека тоа што му се допаѓа, не треба да го направи, ниту, пак, значи дека е добро. Може да ти се допаѓа, но да ти биде за погибел. Треба да научиш да го прогониш твоето старо „јас“, на коешто му се допаѓаат различни нешта, и да му се спротивставиш. Доаѓа некој, те хули и онеправдува, и тебе ти доаѓа да го хулиш, удриш, но се воздржуваш, се притискаш себеси за да не изреагираш на тој начин. Е, така треба да им се спротивстави човекот на своите страсти. Денес на пример се пости, и ти велиш „ќе постам!“, но илјада нешта ти поминуваат низ главата, стомакот ти се превиткува, ќе здогледаш сувлаки, ќе го помирисаш и веднаш ти доаѓа да го изедеш, и го јадеш. „Е, не може само да го помирисам, зашто штом ќе го помирисам веќе го чувствувам низ плунката, сеедно е, исто како да сум го изел“. Но ако ти кажеш: „Нема да го направам тоа“, ако се спротивставиш, ќе разбереш дека духовниот живот, воопшто животот означува борба и ако не решиш да се бориш не можеш да напредуваш. Пред Крштението свештеникот нѐ запечатува со знакот на Крстот по целото тело - ако се сеќавате - зашто за жал денес Крштението е театар, светски обред според начинот на којшто се извршува, никој не го слуша свештеникот што зборува, тој сам на себеси си зборува, а само Бог слуша. И свештеникот прави печат со свето миро врз сите сетила на човекот, за да би можел човекот да добие духовно оружје и да се спротивстави на гревот, страстите и сиот тој силен поток кој сака да го задави. Тоа не е лесно, не е лесно да се спротивставиш на самиот себе. Многу е тешко и треба да се започне од малите нешта. На пример, ти се допаѓа нешто што не е твое. Бидејќи не е твое не можеш ни да го земеш. „Ама, другиот има десет такви!“ Нека има и 500! Не можеш да го земеш, не ти припаѓа. Остави го таму тоа што ти се допаѓа, не значи дека имаш право да го земеш. Сакаш мотор, ти се допаѓа, но си помислил ли дека има и други луѓе од коишто зависиш и кои би се тревожеле заради тебе? Како е можно ти да си радосен и да си го живееш животот, а во исто време другите да ги правиш несреќни? И тие седат дома и те чекаат, за да видат жив ли си, умрен ли си? Секоја ноќ да преживуваат по една Голгота, а тебе да не те интересира, зашто така ти се допаѓа! Човек треба да научи да се спротивставува на себеси. Ако не се научиме на тоа, ако не го разбереме тоа во животот, тогаш нема да станеме личности, ќе се изгубиме.

Се сеќавам, кога во 1976 год., за првпат отидов на Света Гора, во тоа време Старец Пајсиј се оддаваше на големи аскетски подвизи и ништо не јадеше, само малку сурови тревки и вода. Беше многу слаб и со половина бел дроб, само што не беше умрел. Еден лекар од Солунскиот Универзитет, благочестив човек, му рече: „Старче, изеди само едно парче леб! Тоа е доволно за да закрепнеш“. Старецот беше в постела, но воопшто не го прифати предлогот од лекарот. „Не, готов сум да умрам, но нема да отстапам“. Таков смел дух треба да има човекот, да биде подготвен сѐ да претрпи, дури и смртта, но да не отстапи, зашто знае дека ако го направи тоа ќе си го попречи патот кон Бога.

Голем проблем во семејството е кога родителите кажуваат нешто, а другиот ден го менуваат своето мислење. Се сеќавам на еден човек, кој се беше отклонил од вистинскиот пат и раскажувајќи ми го својот живот, ми го спомна токму тоа. Тој го испитувал сопствениот живот и увидел дека основната причина, поради којашто започнал да се бунтува и да бега од семејството, било тоа што неговиот татко му кажувал лаги. На пример, тој му велел: „Заврши ја таа и таа работа и ќе ти дадам една лира!“. Но после тоа не му ја давал. Тоа создало бунт во него и предизвикало голем душевен проблем. Кога човекот ќе се спротивстави на себеси, во почетокот „се прогонува“ себеси, стариот човек, врши притисок врз себе, не си дозволува да прави што сака. Факт е дека во почетокот него му е тешко, зашто како што рековме, неопходно е да ги отсечеш твоите желби, потреби и похоти. Отците многу внимаваа на таквите работи.

Многу пати во семејството се појавуваат различни проблеми; на пример доаѓа една сопруга, која што има напорен сопруг, и вели: „Не можам веќе да го издржам! Ќе ме пукни! Ме измачува!“ И ја прашуваш: „Ако тој твој маж не ти беше маж, туку син, ќе го избркаше ли од дома?“ Таа вели: „Не“. Го брка ли мајката своето дете па што и да сторило тоа? Не. Не може лесно да се направи тоа. Тоа значи дека ако погледнеш на него со поголема љубов и трпение, ти и ќе пројавиш трпение. Т. е. човекот црпи трпение во сите етапи од својот живот, од едноставни работи – седнуваш некаде, одиш во храмот и седнуваш до некој кој е дрзок, плука, мириса, се врти цело време, но ти покажи трпение, научи се да покажуваш трпение, не отстапувај, започни од малите нешта, научи се да трпиш, да очекуваш, да ја отсекуваш својата волја. Не брзај, не посакувај постојано да се прави онака како што ти е угодно тебе. Авва Доротеј во „Подвижничките слова“ зборува за отсекувањето на волјата и вели да започнеме од малите нешта и да имаме трпение. Ако немаш трпение, кога страстите ќе ти излезат на површина ќе те водат каде што тие сакаат и нема да можеш да речеш „не!“, зашто само кога човекот ќе се научи да има трпение, тогаш ќе може да им се спротивстави на страстите.

Извор. Бигорски манастир



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2076
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 538
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная