логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

zenata krvotociva


Отец Стефан Санџакоски: Јаировата ќерка
22 ноември 2014 | Библистика, Современи автори | Нема коментари

Денешното благовестие нè соочува со една чудесна евангелска глетка, која е сместлива во рамките на времето и просторот на планетава Земја и сообразна со секоја човечка генерација.

Управникот на синагогата Јаир паднал пред нозете Исусови и Го молел да отиде во домот негов. Неговата единствена дванаесетгодишна ќерка била тешко болна и умирала. Христос Бог, нашиот добар Пастир, подготвен да ја положи душата Своја за овците Свои, се согласил и заедно со Јаир, следени од многу народ и од светите апостоли, тргнал кон домот Јаиров. И додека народот се туркал околу Христа, една жена, која страдала од крвотечење дванаесет години и која сиот свој имот попусто го потрошила по лекари, Му пристапила на Христос одназад и го допрела крајот на Неговата облека. Крвотечењето веднаш ѝ престанало. Христос прашал кој се допре до Него. Петар бил зачуден од прашањето. Апсурдно било да се дознае тоа поради огромниот народ што Го опколил и Го притискал Христос. Исус повторно забележал дека некој се допрел до Него, бидејќи почувствувал како излегла сила од Него. Жената сфатила дека не може да се скрие од срцеведецот. Со страв Божји и благоговение пристапила и ничкум паднала пред Него. Пред сиот народ објаснила зошто се допрела и дека оздравела. Тогаш Христос ја охрабрил и ѝ рекол: Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси! Оди ди до мир!

И само што се беше случило прекрасното чудо на исцелување на крвоточивата жена, еден човек на управникот на синагогата пристигнал за да му ја соопшти на Јаир тажната вест за смртта на неговата ќерка. Христос веќе задоцнил. Попуста била посетата на Јаир. Мислењето на народот не го делел само Христос. Решително тргнал кон Јаировиот дом. И навистина, веста за смртта на девојчето ја поразила душата на народот. Тагата ги освоила присутните. Се чувствувале немоќни и поразени поради победата на смртта. Во една таква состојба на паднатост и очај, Христос им ја благовестел радосната одлука да отиде во куќата на Јаир. Христос на Јаир му рекол: Не плаши се, само верувај и ќе биде спасена. Штом пристигнале во домот, никому не му дозволил да влезе, освен на Петар, Јаков и Јован, како и на таткото и мајката на девојчето. Христос ги замолил да не плачат, уверувајќи ги дека девојчето не е мртво, туку дека спие. Присутните Му се потсмевале, знаејќи дека девојчето е мртво. Потем, Христос ги истерал сите, го фатил за рака девојчето и извикал: Девојко, стани! Откако ѝ се вратил духот, таа станала и ѝ принесле да јаде. Родителите занемеле од чудото.

Ќе треба ли да се уплашиме од тајната на смртта? Зашто, веќе чувме дека смртта не е крај на нашиот живот. Таа е нашиот најголем и последен непријател што треба да го победиме. Ова свето евангелие е навистина чудесно поради големата радост што ни ја благовести, поради големата утеха со која нè радува нас маловерните. Поголемиот дел од нас, живеејќи во овој свет, живееме како луѓе што чекаат сиот свој живот да го положат во утробата на земјата, да го запретаат в земја, соочени со бесмислата и бесцелноста. Христос во ова свето евангелие ги скрши контурите на одавдестраниот живот и нè соочи со вечниот и несмртен живот. Со него нè беше дарувал дента кога благоволи да нè повика од непостоење во постоење, да нè повика од небитие во битие, да нè повика од смрт во живот. Христос не нè дарува со воскресение за смрт, туку со воскресение за живот вечен. Амин.

отец Стефан Санџакоски

Од зборникот: Беседи од Калишта, Струга: Рубљов 2000.

Извор:http://mistagogia.mk/otec-stefan-sandzakoski-jairovata-kjerka/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная