логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Стара нова година

Да ги оставиме за почеток малку на страна веќе здодевните сезонски дебати околу стариот и новиот календар и околу тоа дали некои локални празнични адети имаат односно немаат смисла и логика. Всушност, кога ќе се присетам на прочуената дискусија на Пол Фајерабенд за анархичноста во научниот метод, не би можел никако да се согласам дека за некоја работа да има смисла, истата мора да стои во потполна согласност со постоечките стандарди и нивната внатрешната логика. Секако, не велам дека работите не треба да поседуваат внатрешна логика, туку велам дека некогаш (ако не и најчесто) „логичноста“ на нештата доаѓа „отпосле“, што би рекле философите (овие европските, постмодерните) „ретроактивно“. Ајде тогаш да видиме како од ваква ретроактивна гледна точка има смисла и логика тоа што славиме прво Нова година, па после Божиќ (а не како во цел „нормален“ свет, вклучително и во повеќето православни Цркви, по обратен редослед), за згора на тоа една седмица покасно да славиме нешто толку очигледно само-во-себеси-противречно како „Стара нова година“.

Искрен да бидам, Стара нова година ми е некако многу интересен празник. Можеби поради мојот личен афинитет да спојувам неспојливи нешта, можеби затоа што е некаков алтернативен празник на кој е тешко човек да му го фати крајот. Кај Нова година (онаа од 01. Јануари) и кај Божиќ (нашиот, од 07. јануари) е јасна работата: Првиот е световен, вториот е црковен празник. Првиот е лумпувачки, го носи името „најлуда ноќ“ и за него повеќето луѓе што ги познавам велат дека не ги интересира и дека воопшто немаат намера да го слават, туку убаво ќе си го преспијат. Убаво де, ама тоа го велат во декември „во очи“ празникот. Арно ама, ретроактивно секогаш испаѓа дека си поминале „лудница“, секако, сосема непланирано – што само го оправдува називот „најлуда ноќ“ (нормалните, за разлика од лудите работи во животов, подлежат на планирање). Вториов, пак, црковниот празник, го слави се живо што на било каков начин се идентификува со православието. Го слават весниците, телевизиските и радио станиците, политичарите, бизнисмените, трговските центри, пазарџиите, маалските џаболебари и локалните пиромани... Повторно, целото тоа „славење“ се случува „во очи“ празникот. И пак, ретроактивно погледнато, освен оргијата со „огновите“ и морничавото завивање на маалскиот подмладок в мугри пред портите на ‘рисјанските домови не останува ништо друго.

Во споредба со двата наведени празници, Стара нова година е некако поинаква. Кај неа нема неочекувани исходи, токму поради тоа што самата настанува како своевиден „остаток“ во дијалектичкиот однос меѓу официјалната грегоријанска Нова година и официјалниот јулијански Божиќ. За Стара нова година нема очекувања, празниците се поминати – и лумпувањето и глумењето побожност. Каква ли може да биде смислата на некаква си Нова година што остарела? Затоа, како световен празник Стара нова година е неразделна од духовното, од аскетското, бидејќи потсетува на минливоста на секое човечко ново: Нема „ново“ што порано или подоцна не ќе остари. Велат, Стара нова година бил всушност денот на кој ја испраќаме старата година. Ете, толкав е животот на една година, на нејзината младост, убавина, стројност што сме ја прославувале на ланскиот први јануари. Сега истата таа ланска година ја испраќаме засекогаш во минатото, ја архивираме, ја погребуваме заедно со стотиците, илјадниците години зад нас, кои сите во некој миг од историјата биле „нови“.

Имам впечаток дека ваквиот „случаен“ исход на паралелното сопостоење на двата календари (јулијанскиот и грегоријанскиот) во нашата култура успева фантастично да ја отслика православната аскетска димензија на секое световно празнување: минливоста, која треба да не приведе кон светото, а не да бара утеха самата во себеси. Последното, лажното утешение се олицетворува во разновидни варварски адети со паганска провиниенција. Такви се, на пример, дивтарските василичарски „карневали“ преку кои меѓународно се етаблираме како некое демоноопседнато човекојадно племе од централна Африка (впрочем, ваквите манифестации немаат многу заедничко со реалтивно-пристојните карневалски традиции во остатокот од Европа, особено оној западниот). На тој начин, нашето соочување со минливоста ќе наликува на вуду-ритуал во кој живите мртви (зомби) ќе ја прославуваат својата привидна бесмртност.


Но, наместо да ја потиснуваме насушната потреба по светото преку псевдорелигиското обоготворување на смртноста, можеме да се одважиме очи во очи да соочиме со неа – на тој начин што ќе се сетиме да отидеме во својата парохиска црква и да соучествуваме во литургиското празнување на вечноста која не застарува и кон која сето старо и изморено човештво е повикано. Така, збогувајќи се со изветвената „нова година“ ќе ја откриеме ризницата на бесмртноста и вечниот живот во Христа – централната тема на литургиското празнување на Обрезанието Господово и на свети Василиј Велики, празнувани истиот тој ден. Застанати пред суштествениот егзистенцијалнен избор меѓу повампирувањето и воскресението, слободната личност неповратно се нурнува во вечноста: во вечно постоење во смртта, или во вечно постоење во животот.

Затоа, времето, а со него и неговото пресметување (т.е. календарот) следува безостаточно да се насочат кон воскресението Христово – празникот кој не подлежи на статичното календарско утврдување на празнувањата, туку се темели врз поинакви принципи во пресметувањето и осмислувањето на времето. Така, сите православни задолжително го прославуваат Велигден во ист ден, независно од меѓусебните разлики во празнувањето на таканаречените „неподвижни“ (календарски) празници. Всушност, „православноста“ на еден календар следува да се препознае од мерката на неговата проникнатост и преобразеност од стварноста на воскресението Христово, а не од неговата формална структурираност и астрономска прецизност.

Конечно, постоењето на црковниот календар сведочи за фактот дека христијаните немаат за цел да се апстрахираат од историјата – таа за нив останува дејствена, но на особен начин. Тие го структурираат минливото време преку календарот, кој самиот не може да се сведе на категориите на минливоста, туку ја има функцијата истите тие категории да ги преобрази, правејќи ги причастни на вечноста на Царството Божјо.

 д-р Милан Ѓорѓевиќ

14-ти јануари, лето Господово 2015

 

 

Друго:

доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ - За справувањето со простотијата

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3109
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7567
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

 Чудо се јави како сведоштво, со дела на Божјите добродетели си засветлил,си ги пасел монашките заедници,исчистил архиерејските тронови,не поколебувајќи се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная