логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Во еден агиографски текст се вели дека на секој народ, во определено време, Сељубивиот Господ му испраќа личности кои ќе го просветуваат и осветуваат, кои ќе го раководат и подготвуваат на патот кон Царството Небесно.[2] Така, Израилскиот богоизбран народ го имаше Мојсеја, кој го водеше и го изведе од Египетското ропство и го доведе до Ветената земја. Нам, пак, како народ, Бог ни го испрати апостолот Павле, преку повикот на Македонецот – да дојде во Македонија и да ни помогне.[3] Како што Исус Навин го презеде водството на Израилот од Мојсеја, така и нашиот свети Климент го продолжи делото на Светите браќа, кое израсна врз евангелското семе што во Македонија го посеа апостолот Павле. А мудриот Климент, тој најучен човек и втор Павле, како што со забележителна почит и одбрани зборови го нарекува блажениот Теофилакт, ни го остави своето дело на сите, а најмногу нам како народ.

Досега многу се зборувало и се пишувало за делото на бројни славни личности, кои имаат немерливи заслуги не само за нас, туку и за човештвото и за цивилизацијата и кои заслужуваат да бидат тема за постојано размислување и потсетување. Меѓу сите нив, особено место и признание заслужуваат свети Климент, од чие блажено упокојување одбележуваме 1100 години, и неговите учители – светите Кирил и Методиј. Повеќе од илјада години се слави споменот на овие наши духовни великани, заедно со останатите од групата на Седмочислениците, и нивните сотрудници коишто историјата не ги запаметила, но во вечноста блескаат благодарение на нивното благородно и богоугодно епохално дело.

Молејќи се и беседејќи само со книгите, тие придаваа труд врз труд, подготвувајќи се да го остварат историскиот повик и подвиг. И според проучувачите на нивните личности и дела, заслугата на овие просветители, колку што е религиозна, толку е и културна. Во религиозна смисла затоа што ги пренесоа и ги утврдија словенските народи од мракословие кон светлина, од незнабоштво во христијанство, од празноверие и суеверие во духовно исповедање на верата во Триединиот Бог. Во културна смисла, пак, затоа што со новото писмо ги положија темелите на словенската култура, станаа аголен камен на народната книжевност, создавајќи цврста основа за идниот духовен и културен развој на Словените.

Она што тие имаа да им го кажат на тогашните и на следните генерации е содржано во нивните дела. - Зборот беше, всушност, нивното дело! И не случајно првите преведени зборови им беа оние од Евангелието според свети Јован Богослов: Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото.[4] Тоа беше Слово по кое Словените жеднееја, лутајќи по писмата и верувањата на другите народи, Слово што стана нивна судбина, и кое дури се вметна и во нивното име. Тие евангелски зборови тогаш прозвучија пророчки, а денес ние сме сведоци дека се исполнија и дека навистина – би Слово.

За богат може да се смета само оној народ, од кој израснале личности кои со својот живот и дело се жртвувале за тоа во што верувале, а за доброто на сите. Таквите личности станале забележани не само во историјата, туку се запишани и во вечноста. Секој народ кој е благоверен и благороден, треба постојано да ги слави и да ги следи таквите личности. А светителите, со својот пример постојано влијаат врз моралното и духовното преобразување кај сите народи и во сите времиња. Удостојувајќи се да бидат учесници во Божјата природа, оддалечувајќи се од похотите на овој свет,[5] со своето богољубиво и човекољубиво дело станувале признати и од Бога и од луѓето.

Во вечерашниов славеник – свети Климент, ние го имаме најдобриот од најдобрите, нашиот духовен отец и постојан молитвеник пред Божјиот престол. Таква личност – ни пред него ни по него не сме имале во нашиот род. Свети Климент потврдил дека само човек кој во себе носи светост - само тој може да просветува! И таквиот човек останува во сеќавањето на народот како оној кој вистински се грижи за спасоносното дело. Личностите како него, не само што себеси се хранеле со вистинската духовна храна и питие, туку тоа неуморно го давале и на доверениот народ. Големината на светиклиментовата личност се огледа и во тоа што тој и највозивишените и најсуптилните богооткриени тајни на верата ги предавал на јазик и стил сообразен со нивото на оние на коишто тие им биле наменети.[6] Свети Климент со своето дело е сведок дека посеаното Слово Божјо во душата на еден народ е неуништливо и вечно. Знаел тој наш голем просветител, како што во свое време запишал и големиот Достоевски, дека човек или народ без Живиот и Вистински Бог е оштетен и понижен.

А што е личност според христијанското сфаќање? Тоа е човек што пораснал до мерата на Прволикот, по мерата на Оној по Чиј лик сме создадени. Значи личност е оној човек кој првобитниот лик на себе го носи неизвалкан од страста и гревот. Тој, бдеејќи над себе, го чува својот лик светол, па така им свети и на другите; тој е способен да раководи и води, да образува и просветува. Таквиот човек е расудлив и разумен, способен да сведочи за вистинските вредности - затоа што и ги живее истите, одбегнувајќи ги лажните и минливите. А денес, ние, повеќе од кога и да е, сме соочени со лоши дела, со погрешни постапки, со нељубов, која и ја чувствуваме, но за жал и така се однесуваме. Таквата состојба - во која е прекината врската со Бога, е состојба на отуѓеност, состојба во која се наоѓаше и  непослушниот син од Евангелието.[7] И што може да помогне? – Покајанието! Токму покајанието, токму признавањето на својата грешност води кон поправање. Искреното покајание го мотивира проштевањето, зашто ако Бог ни проштева кога искрено се каеме и се трудиме да ги поправиме грешките, тогаш колку ние треба да проштеваме?!

Исто така, живееме во време кога работите и се одвиваат, и се случуваат и се појавуваат многу брзо. А тоа значи и поголеми предизвици и многу искушенија. Од друга страна, ова е и време на дезориентација на човекот, односно време на губење и менување на основните и природните начела на постоењето. Се појавуваат ставови, се носат правила и закони спротивни на човечкото достоинство; страста и личното расположение и потреба стануваат обврска, дури и причина за преземање мерки против оние коишто мислат поинаку.

Покрај моралната ерозија, на светско ниво сме соочени и со многу војни, прогони, страдање... Кај нас, пак, никако да престанеме со меѓусебни расправии и несогласувања... Нема народ или семејство, нема институција или општество, па дури ни Црква, кои опстоиле и напредувале, а биле во меѓусебна кавга и непријателство?! Нам денес, повеќе од кога и да е ни требаат луѓе како свети Климент, луѓе со неговите квалитети и способности – со вистинска и искрена вера во Бога, со љубов кон сите, со добродетелност и мудрост, со смирение и трпение, ни требаат личности без лицемерие и надменост, без злоба и похотливост. Кои ќе умеат да ги препознаваат знаците на времето, и ќе се грижат за духовните и националните вредности, ќе бидат секогаш и насекаде со својот народ, со Црквата и со Татковината. Впрочем – такви кои ќе го чуваат минатото, ќе мислат на сегашноста, за да имаме и иднина!

Нека ни е честит и вековит овој национален и црковен празник. По молитвите на славеникот – свети Климент, Охридскиот Чудотворец, Господ нека ги чува народот наш, Татковината наша, Црквата наша и сите луѓе и народи со добра волја! Амин! За многу години! 

[2] сп. Архимандрит д-р Јустин Поповић, Житија светих за април, Београд 1973, стр. 445;[3]

Дела 16, 9;[4] Јн. 1, 1[5]

сп. 2. Петр. 1, 4;[6] Протопрезвитер Јован Таковски, Просвештението во теологијата на свети Климент, Скопје 2009, стр. 238;[7] Лк. 15, 11-32.

Извор: Скопска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная