логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

16.jpg

 

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, во неделата на Светите Праотци, изговорено во манастирската трпезарија12/25 декември 2016 лето Господово,
Недела на Светите Праотци и спомен на Св. Спиридон Чудотворец

02.jpg

08.jpg

10.jpg

 14.jpg

Мили мои, бидејќи се наближува големиот Господов празник, Рождеството Христово, кој Св. Јован Златоуст го нарекува уште и Митрополија на сите други празници, Светата Црква, според нејзиното боговдахновено душеводство, во оваа втора недела пред тоа големо торжество, го поставила споменот на Светите Праотци. Всушност, во оваа, како и во наредната недела, ние литургиски си спомнуваме за сите старозаветни праведници што го очекувале доаѓањето на Спасителот во светот, почнувајќи од првосоздадениот Адам, па сè до Св. Јован Крстител. Тука спаѓаат, секако, и прародителите Христови, односно оние луѓе од чијшто род произлегла и Пресветата Богородица, од Која, пак, Божјото Слово зеде тело во последните времиња.

Длабоко поврзано со ова претпразненствено споменување е денешното евангелско зачало (Лука 14,16-24), што светите отци одредиле да се чита току во оваа недела. Имено, тоа говори за големата вечера што ја приготвил еден човек. Под зборот човек се подразбира Самиот Бог Отец, Кој, поради Неговото неизмерно човекољубие, во Евангелието повеќе пати е идентификуван со зборот човек, а особено, пак, е претставен како грижлив татко. Кога настапило времето за вечера, тој човек го испратил својот слуга да ги извести поканетите дека сè било подготвено за свечената гозба. Блажениот Теофилакт Охридски, а и други свети отци и толкувачи, во овој слуга Го препознаваат Синот Божји, Кој со Своето Божествено послушание ја исполни волјата на Бог Отецот и послужи за спасение на целиот род човечки. Во подлабока духовна смисла, оваа вечера ја претставува и Светата Евхаристија, на која целото човештво е повикано на соединување со Бога, на обожение, преку причестувањето со Телото и Крвта Христови. Навистина голема и преголема е гозбата што Господ ја приготвил за сите земнородени. Чудесна вечера, изобилна со духовни дарови, на која никој не би можел да остане гладен - гозба на која е преголема чест да се присуствува! Но, и покрај сето тоа богатство на оваа Божја вечера, читајќи го во продолжение Евангелието, ние наидуваме на парадокс: оние за кои била подготвена таа вечера ладнокрвно одбиваат да присуствуваат на неа! Просто човек да се зачуди како е можно да се изнајде изговор за да се одбие таквата жизнено насушна вечера. Ете, во нашиот секојдневен живот се случуваат многубројни свечени гозби со разни поводи: венчавки, крштевки, слави, родендени, јубилеи, годишнини, празници... и нам ни е чест да бидеме поканети гости на тие радосни собири. Па дури и се разочаруваме ако не сме поканети и се лутиме на нашите роднини и пријатели доколку не го направиле тоа. А, еве, гледаме денес како многумина се оправдаа и не отидоа, и тоа не на некоја си вообичаена свеченост од животот на луѓето, туку на гозбата од Царот небесен, Кој така штедро и милосрдно приредил скапоцена вечера за своите поданици, па уште и смирено ги поканил преку Својот Син. Почнаа сите, се вели понатаму во параболата, како договорени, да откажуваат; првиот му рече: „Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!“ Вториот рече: „Купив пет чифта волови и одам да ги пробам; те молам – извини ме!“ Третиот рече: „Се оженив и затоа не можам да дојдам“. Гледаме дека поканетите го засакале минливото, земно размислување, грижите само за материјалните богатства, телесните задоволства и сладострастие. За нив богатата духовна трпеза на Домаќинот на овој свет веќе немала никаква смисла, зашто нивното внатрешно битие се изедначило со предметот на нивната љубов – станало нечувствително и духовно мртво. Тогаш Господарот се расрдил и го испратил Својот Слуга, велејќи Му: Отиди бргу по раскрсниците и улиците градски и доведи ги тука бедните, слабите, хромите и слепите! Бидејќи поканетите не се покажале достојни, сега Господ ги повикува грешните и понижените, долните и простите, чиишто срца, сепак, останале приемчиви за духовните нешта и биле способни да ја разберат големината на непроценливиот дар што им се нуди. Освен тоа, под бедни, слаби, хроми и слепи треба да ги подразбереме и незнабожечките народи, што во очите на старозаветните Евреи биле токму такви. Но, тие не само што така му изгледале  на богоизбраниот народ кој знаел за Божјото откровение, туку, такви навистина и  биле: хроми и слепи за вистината и за Божественото познание. Некои од нив биле сурови пагани, човекојадци, целосно изобличени... Други биле цивилизациски далеку понапредни и поразвиени, но, сепак, бедни и сакати за полнотата на духовното совршенство. Затоа Господ, преку Евангелието, ја испрати Својата порака до целиот свет, ја испрати Својата радосна вест кон сите луѓе. Така што трпезата почнала да се полни. Но, и покрај сето тоа на неа сè уште имало место. Зошто? Затоа што на трпезата на Божјата љубов има место за сите луѓе, место за секој човек. Во завршната реченица од денешното зачало ги слушнавме зборовите: мнозина се поканети, но малкумина се избрани. Целата, пак, парабола ни појаснува дека под ова мнозина се подразбираат сите, зашто, видовме, Господарот накрај ги поканил сите, но избрани ќе бидат оние што ќе го послушаат гласот на Царот небесен и ќе појдат на Неговата пребогата духовна трпеза.

И токму тука е длабоката симболика и поврзаност на ова Евангелие со споменот на Светите Праотци. Во времето на Стариот Завет, пред доаѓањето на очекуваниот Месија, во светот владеела страшна духовна глад. Од сите народи на земјата, единствено Израилот имал познание за вистинскиот Бог, макар што и кај него тоа познание со текот на времето ја изгубило својата суштина; во теолошките и философски кругови се појавувале многу прашања и сомнежи, особено за смртта, која тирански владеела и меѓу Евреите, така што се воделе големи расправи за тоа дали ќе има воскресение на мртвите и живот по смртта. Сепак, од овој народ произлегле славни во верата луѓе, кои знаеле дека од Бога дошле и при Бога ќе се вратат, така што со целиот свој живот му останале верни на Божјото ветување, трпеливо барајќи Го и очекувајќи Го Него и средбата со Него. Се разбира, и кај другите народи имало мудри луѓе, философи и праведни, на кои Бог, поради нивната љубов кон вистината, им допуштил да спознаат и да проѕрат во многу возвишени нешта, но, сепак, тоа не можело да ја задоволи силната духовна жед што владеела кај сите народи. Неа ја задоволи единствено Спасителот наш Господ Исус Христос, Божјото Слово Кое се воплоти од луѓето, и се предаде Себеси како јастие и питие за секоја гладна душа што верува во Него. Сега ние, Христијаните, постојано сме канети на богатата вечера, да се храниме со неизмерните духовни дарови, кои Бог ги приготвил за сите оние што ќе ја примат  Неговата покана и ќе дојдат на Неговата трпеза. На секоја Литургија во нашите свети храмови ние се храниме со Божествените Тело и Крв Христови, неискажливо соединувајќи се со Самиот Бог. Погледнете колкава предност имаме пред оние што живееле во Стариот Завет! Тие не можеле на ваков непосреден начин да се соединуваат со Бога, иако се подложувале себеси на преголем труд. Затоа денес, мили мои, ние имаме страшна одговорност достојно да сведочиме за преслатката храна на Трпезата Господова.


Вчера во весникот „Дневник“ прочитав една колумна насловена како „Грдата фаца на Европа“, од г. Дарко Јаневски. Авторот, меѓу другото, мошне добро забележал дека „последниот браник на Европа е нејзината економска благосостојба“. Си реков во себе: колку страшна констатација! Некогаш христијанската Европа, духовниот и културен стожер на современиот свет, денес единственото нешто на кое се надева е својата економија. А од историските процеси ние добро знаеме дека материјалната благосостојба е многу лесно кршлива и променлива категорија. Сè што е материјално се губи и исчезнува. Затоа, заклучува колумнистот, само прашање на време е кога материјално богатата Европа ќе осиромаши и нејзините граѓани – се разбира, духовно веќе многу пусти -  ќе се кренат против самата неа. Исто како животните, особено свињите, кои, кога ќе им ја скратат храната, крволочно се нафрлаат на својот господар што до пред малку ги хранел. Слично станува и со човекот што се оддалечил од Бога и се навикнал да ужива само во материјалните нешта, така што речиси целосно се соединил со нив. Едноставно тој се вљубил во правот. Зашто и храната е прав, и богатството е прав, и телото човечко е прав... Сè што е од овој свет е прашина. А прашината не може да го задоволи човечкиот дух; духот си го бара духовното. Со што и друго да се храни и задоволува, човекот накрај пак ќе остане гладен и празен,  оти ништо не може да ја згасне неговата духовна жед, освен љубовта кон вистинскиот Триипостасен Бог. Ако Го бара и љуби Бога пред сè и над сè, тогаш тој ќе знае правилно да сака и да се радува и на сè друго. Тогаш и неопходноста од материјалните нешта, и грижата за сопствениот имот, и љубовта кон семејството, добиваат целесообразност, вистинска смисла и вредност. Љубовта кон Бога го прави човекот богат и исполнет уште овде на земјата, а тоа вистинско духовно богатство ќе го има и во вечноста.


Затоа, мили мои, да се потрудиме да се богатиме во Господа. Да го чуеме Неговиот благ глас кој нè кани на Неговата прекрасна трпеза. Да се храниме со Неговите пресвети зборови и живоносни поуки, и најважно - со Неговите пречисти Тело и Крв. Соединувајќи се со Бога, ние ќе станеме светлина што ќе испраќа зраци на љубов во овој свет, а љубовта во Бога е единственото нешто што му е потребно на човекот. Таа е и неопходната пропусница за влез на Царската вечера. Тоа треба секогаш да го имаме предвид, и со покајничко смирение да се подготвуваме за отвореното Божјо Царство, за таа вечна духовна трпеза што ни ја подготвил нашиот премилостив Отец небесен.

Во моментот ми доаѓаат зборовите од преубавиот светилен на Страсната Седмица, кој вели: „Твојата свадбена одаја, Спасителе мој, ја гледам украсена, но  облека немам да влезам во неа“. Нека сите Свети Праотци кои живееле до доаѓањето на Господа Исуса Христа, заедно со нашиот свет отец Спиридон Тримитунтски Чудотворец, чијшто спомен денес празнуваме, ни помогнат достојно да одговориме на Неговата љубовна покана, и облечени во светлата облека на добрите дела и милосрдието, да влеземе на гозбата во Неговото Царство небесно, кое започнува уште одовде, на секоја Света Литургија, и продолжува во вечноста. Амин!

 15.jpg

17.jpg

 

Извор: Бигорски манастир

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3223
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная