логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Историјата на овој свет заврши со Распнувањето на Богочовекот Христос и доаѓањето на Царството Небесно. Овој свет Го отфрли Богочовекот Христос и самиот себе се осуди на пропаст, а историјата само монотоно се повторува: од едните Христос е повторно и повторно предаван, од другите е повторно и повторно распнуван, а во третите е повторно и повторно предаван и распнуван. Предавниците се секогаш фарисејското свештенство, распнувачите и убијците се секогаш световната држава, а Богочовекот Христос се Неговите верни (Црквата) кои правилно растат по степените на духовниот развој. Нема ништо ново во овој свет.

Затоа и постојано ви повторувам: во глобалниот театар на илузијата во којшто живееме многу страни немаме, или ќе бидеме со Христос или со другата страна – световната, во која, патем речено, разликуваме две еднакво опасни групи – онаа, свештеничко-фарисејската, што Го предаде на чело со Јуда, и онаа што Го осуди и распна. Нашата заблуда е што барајќи ја сигурноста во овој свет и „овоземното царство“, најчесто се определуваме за онаа група од првата опција, маскираната во побожен лик, која, всушност, Го предаде; затоа што сме потполно исти како нив – немајќи внатрешно духовно покритие: прво – за името христијанин, а второ – за свештеничките чинови што ги носиме. Атеистите најчесто за другата – која Го осуди и распна. На која од овие две световни страни и да сме, со Христос не сме – да не се лажеме себеси! Бидете мудри како змии (види: Матеј 10, 16); значи, изложете го целото тело на удар освен главата, односно, ако треба, изгубете сѐ – само и само да си ја сочувате верата, и затоа не влегувајте во световните шеми (партиски, национални, глобални) – каде што автоматски ја губите. Оваа проблематика еден ден ќе ја поврзам со одрекување од Богочовекот Христос, со покајание и исповест, и со повторно помазување со светото Миро како акт на враќање и присоединување кон Православната Црква. Кој има уши да чуе – нека чуе!Не само мудри како змии, туку треба да бидеме и незлобливи како гулаби. На тој начин победило и се ширело христијанството во првите три века, затоа што никому не враќало зло за зло. За ова ќе ви објаснам на Велик Четврток – со Господ напред!

На кој начин ја бараме сигурноста и безбедноста во овој свет и „овоземното царство“, а се одрекуваме од Царството Небесно и истовремено од Богочовекот Христос? Прво, кај нас – денешните христијани и нашето свештенство постои едно суптилно тежнеење (свесно или неосвестено), внатре во нас, почнувајќи од себе и од нашето најтесно семејство, па сѐ до најшироката заедница, да создадеме некакво „земно царство“, во кое ќе ги задоволиме сите наши страсти – за славољубие, среброљубие и сластољубие, не гледајќи дека со тоа се откажуваме од Царството Небесно; а тоа е толку очигледно. Со други зборови, сакаме да имаме личен мир, секогаш да се чувствуваме добро, сите наши потреби да се задоволени, а да не ни се случува никакво страдање или недостаток што сето тоа ќе го поремети. И второ, кога нашата безбедност, односно задоволувањето на животните потреби ги темелиме на нешто што е надвор од Бог, а не на Него. На пример, кога нашата сигурност првенствено и суштински ја темелиме на државата, нацијата, партијата, на семејството или на некои други видови самочовечко, овосветско – најчесто бизнис групирање, како и кога се чувствуваме безбедни и задоволни само поради човечката власт, имотот и парите што ги поседуваме. Секое такво егоцентрично втемелување на нашата обезбеденост, како што и порано сум рекол, е одрекување од Крстот Христов, од Богочовекот Христос, а последователно, и од Царството Небесно.Но, забораваме дека поради нашата душевна оболеност тоа не е можно, и дека секое зло што ни се случува е само последица на отсуство на благодатта Божја од која самите сме се одрекле. Многупати сум повторил дека е добро кога сме во прелест (лажна состојба на умот и емоциите) барем да знаеме дека сме во прелест, а не да мислиме дека пребиваме во вистината.    

Не забележуваме ли дека колку повеќе се трудиме да го оствариме, толку повеќе тоа „земно царство“ е сѐ подалеку и подалеку од нас, и толку повеќе таквото тежнеење духовно нѐ разнебитува? Не можеме да им служиме на двајца господари, на Бог и на мамон – на парите (види: Матеј 6, 24). Зарем не гледаме што се случува околу нас? Целиот свет е во криза на сите нивоа, почнувајќи од личното – од самите себе, па до пошироката заедница – државата, и на крај, завршувајќи со глобалното општество. Барајќи го „земното царство“, ние остануваме без благодатта на Небесното.          

Време е да си признаеме дека од оваа суптилна страст, барање на „земното царство“ и сигурноста втемелена надвор од Бог, страдаме сите – кој помалку, кој повеќе, дека ги изневеривме сопственото предназначение и заветите од Светото Крштение, и дека си ги продадовме душите на како и да се нарече оваа световна врева околу нас – која просто нѐ вшмука, и на ѓаволот. Нашите лични фејсбук профили и профилите на разните христијански фејсбук групи и страници, последните две години, се полни со тежнеења кон „земното царство“ (тоа лесно се забележува) и заземање погрешна страна – световната. Затоа и вриштат од непокајание и меѓусебна поделба. Мала криза, и се случи неверојатно предавство на нашиот христијански идентитет. Што ли ќе биде при поголема – при директен прогон и мачеништво? Ако и ние, христијаните, не сме веќе никаков пример за сведоштво на покајание, љубов и единство, тогаш кој? И, ако навистина го бараме Царството Небесно, тогаш зошто веќе го немаме откриено во нашето срце, преку умно-срдечната молитва, и по толку многу години „христијански духовен живот“?Единствено добро, од сето ова, е што самите се откривме – до проѕирност, и самите видовме кој сме и што сме – кој видел, де. Јас не се чудам зошто номиналните христијани и останатите го прават она што им е ним својствено, но многу ми е чудно кога оние што за себе тврдат и се прикажуваат како вистински христијани, теолози и свештеници – без оглед на рангот, го прават она што им е несвојствено, и покрај толкуте многу мои опомени. Вистината на гордите им звучи препотентно; исти се како и безбожниците на кои Христовите зборови им звучат, исто така, препотентно: „Јас сум патот, вистината и животот“ (Јован 14, 6), или „Јас сум светлина на светот, кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот“ (Јован 8, 12), или „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека“ (Јован 11, 25–26).  

Јасно ли е сега зошто истите луѓе што Го внесуваат и дочекуваат во слава Богочовекот Исус Христос во Ерусалим, по само неколку денови на најразлични начини Го предадоа и се одрекоа од Него? Од истата причина како и ние денес – поради тежнеењето кон „земното царство“ и сигурноста надвор од Бог, со таа разлика што за нив има некакво оправдување – тие чекале овоземен цар, и затоа ќе добијат втора шанса, а за нас, православните христијани, нема никакво оправдување – ние треба да го очекуваме и да копнееме по доаѓањето на Царството Небесно со воскреснатиот Богочовек Исус Христос, во слава. Запамтете добро, за нас, денешните псевдохристијани, без вистинско и длабоко покајание (преумување), втора шанса нема.      

Господи Исусе Христе, преку Богородица, помилуј нас!

Митрополит Струмички Наум

8-ми април 2017 лето Господово

Извор: МПЦ-ОА



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная