логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Тоа што си го приготвил, кому ќе остане? (02.12.2017 10:07)

Целиот наш живот е дар Божји. И сиромаштвото е дар Божји, кога сиромавиот со смирение и трпение Му благодари на Бог за него, и го препознава овој дар. И богатството е дар Божји, кога богатиот со смирение и трпение им служи на сиромасите со своето богатство и на тој начин Му благодари на Бог за него, и го препознава овој дар. Кога луѓето би ги препознавале даровите Божји и нивната цел, и кога со смирение и благодарност би се однесувале кон нив, даровите Божји би служеле како средство за надградување и остварување на нашата заедница во Богочовекот Христос – која е нашиот најголем дар Божји – и би служеле како средство за наше спасение.

Со други зборови, само на тој начин можеме да Му благодариме на Бог, кога Неговите дарови повторно Нему Му ги принесуваме: „Твои дарови од Твоите, Тебе Ти ги принесуваме за сите и за сè“. Делотворниот однос на благодарењето од севкупниот наш живот соборно се исполнува со нашето учество во Светата Евхаристија (Благодарење) на Црквата Божја.

Но, како богатиот конкретно „успева да собира“ добра само за себе, а не се богати во Бог, поинаку речено, како тој своето богатство како дар Божји не Му го принесува конкретно на Бог? За да го објасниме овој негативен пример, ќе се послужиме со друг негативен пример од случувањето на Страшниот суд:

Тогаш ќе им каже и на оние коишто се од левата страна: „Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели. Зашто гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте; странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте“.

Тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: „Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор и не Ти послуживме?“ Тогаш ќе им одговори и рече: „Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа, и Мене не сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 41–45).

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, ние не собираме за себе, туку се богатиме во Бог.

Сето ова погоре напишано начелно важи, најнапред и најмногу, за луѓето коишто живеат и работат во светот. За монахот – како оној што е мртов за овој свет – начелно важи друго правило. Монахот е должен да Го нахрани, напои, прибере, облече, посети и да Му послужи на Христос во своето срце. Секако, за да го оствари ова, најнапред треба да го очисти своето срце од страстите, да го осознае местото на срцето, да го открие Царството Небесно внатре во себе и да застане пред Царот на славата, распнат заради нас и нашето спасение.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

 

Друго:

 

Митрополит Струмички г. Наум


Не барајте бисери секој ден оти тие носат поголема одговорност заради заборавот и неисполнувањето. Имено: дојдоа такви времиња каде што не мора да бараме некого за да му направиме добро, доволно е на злото што секој ден ни го прават да одговараме со добро, барем со молитва или со убав збор, ако не и со добро дело.
Тоа е за доволно, а за добро, многу добро и одлично треба малку повеќе да се потрудиме.
    

+++

Каде и да одиме и што и да правиме, сѐ додека сме на првиот степен од духовниот развој, многу ретко ќе се остваруваат нашите главни планови и замисли, заштo најчесто нема да бидат во согласност со Божјиот план и промисла за наше спасение. Тешко, пак, на оние чиј план ќе се оствари на неправеден начин, ако не се покајат. Дури на вториот степен од духовниот развој – просветлување на умот, нашите главни планови често ќе се совпаѓаат и со Божјите планови, иако не секогаш во она време што ние го очекуваме. Затоа, на оној што Му благодари на Бог за сѐ, ќе му се даде и ќе му се преумножи; а на оној што не Му благодари, ќе му се земе и она што го има (види: Матеј 13, 12). Спротивно од благодарење е хулење на Бог, средина нема – не читаме во Евангелието дека ќе му се земе само половина од она што го има.

 

 Митрополит Струмички Наум
Православната духовност, во пракса, пред сѐ, се темели на љубовен и личносен однос, а не на свети Канони и историја. Акцентот е на љубовниот однос, а не на некаков закон или некоја историја. Има ли љубовен однос – има и канонска и историска врска, нема ли љубовен однос – нема ништо. И православната теологија се препознава по Духот на законот што оживува, а не по словото на законот што убива. Но, за да нѐ води Духот што оживува ни треба просветленост на умот, која произлегува од Божјиот дар на умно-срдечната молитва.
Јасно ни е на сите дека „мајка Црква“ може да ни биде само онаа Црква која прва и безусловно ќе ја прифати и признае автокефалноста на МПЦ – ОА, т.е. автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. „Мајка Црква“ е, всушност, онаа Црква, што прва ќе го признае нашиот посебен црковен идентитет (а не дека претходно не сме постоеле, па сега некој нѐ раѓа), односно тоа е Црква што прва ќе ја увиди и признае оправданоста на нашето посебно автокефално пастирско делување во рамките на нашата црковна јурисдикција, во државните граници на Република Македонија. Затоа, „мајка Црква“ е само поетски израз на огромна и незаборавна благодарност за Црквата која би нѐ заштитувала, застапувала и претставувала пред другите помесни Православни Цркви, за нејзиниот љубовен и личносен однос кон нас.
Секоја Црква, историски, во моментот на нејзиното признавање имала своја „мајка Црква“ или, поточно, Црква заштитничка. Откако „мајката Црква“ ја признава суштински, преку заедничко сослужување на светата Евхаристија, автокефалноста на дотогаш непризнатата Црква, од тој момент двете Цркви стануваат „сестрински Цркви“, што означува дека тука нема место за никаква ерархиска потчинетост или некаква административна зависност на едната од другата Црква. Единствената „зависност“ што постои меѓу нив е љубовта во светата Евхаристија.
На крај, за формалната автокефалност на одредена Црква, според обичајот на Православната Црква, по барање на „мајката Црква“, треба да се изјасни Вселенскиот Патријарх и Вселенската Патријаршија (во случај кога таа не се појавува како мајка Црква), а, по можност, и другите Православни Цркви. Томосот (одлуката) за нејзина автокефалност го издава и потпишува Вселенскиот Патријарх, а на томосот, по можност, се потпишуваат и Поглаварите на останатите помесни Православни Цркви. Во праксата на дваесеттиот век (ниту пред тоа) ова не се случило, туку Томосот најчесто го потпишувал само Вселенскиот Патријарх – што е најнормално, поради неможноста сите да се согласат или да се соберат на исто место.
Согласно погоренапишаното, на сите ни е сега јасно кој не може, а кој може да биде наша „мајка Црква“, односно Црква застапничка; и што точно тоа значи.
Битно е дека ние не отстапуваме од името и од статусот на нашата Црква: Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, Автокефална.
Пресвета Богородице, спаси нас!

 

Кога ќе се вратам... (25.11.2017 09:58)

„И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: ’Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?‘ А Он му рече: ’Што е напишано во Законот? Како читаш?‘ Тој одговори и рече: ’Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!‘ Му кажа, пак: ’Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив‘. Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: ’А кој е мојот ближен?‘

            Исус му одговори и рече: ’Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, си замина. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, се приближи, погледна и си отиде. Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги со елеј и со вино; па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него. А утредента, на кинисување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: „Припази го; а ако потроши нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам“.

            Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној што падна во рацете на разбојниците?‘ А тој одговори: ’Оној што му направи милост‘. Исус му рече: ’Оди и ти прави така!‘“ (Лука 10, 25–37).

            Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе, кои помалку повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар е Епископот (или свештеникот). Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чиишто срца и души, па и тела се повредени од демонскиот напад.

            Богочовекот Христос му остави на свештенството и личен пример и неисцрпна благодат толку што повредениот гостин никогаш не може да потроши повеќе од тоа. Ветувањето за доплата се однесува само за малодушните гостилничари. Затоа на гостилничарот му останува само совесно и смирено да ја изврши работата за која му е однапред преплатено.

            А ако ја заврши работата како дете Божјо – а не како наемник – трошејќи се себеси и „повеќе од она што му е платено“, блазе си му на таквиот гостилничар кој Бог ќе Го направи свој „должник“. Него Бог ќе го направи син Свој по благодат, а каква било друга доплата веќе не е воопшто важна...

            Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная