логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

За разјаснување на тајната на денешниот празник и разбирање на вистината, неопходно е да се обратиме кон самиот почеток на денешното Евангелско четиво: „ А по шест дни, ги зеде Исус со Себе Петра, Јакова и брата му Јована, и ги изведе на висока гора сами“ (Мт. 17, 1). Најнапред прашуваме, од каде, Евангелистот Матеј започнува да ги брои шесте дни, после кои настапил денот на Преображението Господово, од кој ден? Како што покажува текот на зборовите, од оној, во кој Спасителот, поучувајќи ги Своите ученици, им рекол: „Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец“, и додал: „вистина ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат Синот Човечки како оди во Царството Свое“ (Мт. 16, 27, 28), то ест, Светлината на претстојното Преображение, Тој ја нарекол слава на Отецот, и Свое Царство. Тоа го покажува, и појасно го открива Евангелистот Лука, велејќи: „ На осум дена по овие зборови, го зеде со Себе Петра, Јована и Јакова, и се искачи на гората да се помоли. И кога се молеше, видот на лицето Негово се измени, и облеката Му стана бела и светла“ (Лк. 9, 28-29). Но, како да ги усогласиме меѓу себе, кога едниот точно зборува за осумдневниот период меѓу беседата и јавувањето, а другиот (вели): „по шест дена“? Чујте и разберете.

На Гората имало осум, но се гледале само шестмина: тројца – Петар, Јаков и Јован, кои се искачиле заедно со Исус, ги виделе како со Него стојат и разговараат Мојсеј и Илија, така што заедно биле шестмина; но заедно со Господа, секако, биле и Отецот и Духот Свет: Отецот – сведочејќи со гласот Свој, дека Овој е Неговиот возљубен Син, а Духот Свет – кој засветлил со Него во светол облак. Така, овие шест се осум, и во однос со осумте нема никаква несогласност; исто така, не си противречат и Евангелистите, кога едниот вели: „по шест дни“, а другиот: „на осум дена по овие зборови“; но со тие двојни зборови, како да ни даваат некој образ на оние кои таинствено, а истовремено и јавно присуствуваат на гората. Се разбира, секој, кој расудува согласно со Писмото, знае, дека благовесниците се согласни еден со друг: Лука кажал за осумте дни, не противречејќи му на Матеј, кој рекол „по шест дни“, – не присоединувајќи го денот во кој биле кажани тие зборови, а исто така и денот, во кој Господ се преобразил (кои денови, Матеј ги остава да се подразберат од оние кои разумно расудуваат); Евангелистот Лука не вели: „по осум дена“ (како евангелистот Матеј: „по шест дена“), а: „на осмиот ден“. Но со тоа, во кое што Евангелистите навидум се разногласни, тие ни го покажуваат великото и таинственото. Всушност, зошто едниот рекол: „по шест дни“, а другиот, оставајќи го без внимание седмиот, го спомнал осмиот? Затоа што великата глетка на Светото Преображение Господово е тајна на осмиот ден, т. е., на идниот век, кој треба да се открие после гибелта на светот создаден за шест дена. За силата на Божествениот Дух, преку која Царството Божјо им се открива на достојните, Господ претскажал: „ тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат Царството Божјо дојдено во сила“ (Мк. 9, 1). Насекаде присуствува Царот на сите и насекаде – е Царството Негово, така што, пришествието на Царството Негово не значи негов премин од едно на друго место, туку на неговото откровение со силата на Божествениот Дух, затоа и е кажано: „дојдено во сила“ (Мк. 9, 1). И таа сила ќе им се јави не на обичните луѓе, но на оние кои стојат со Господа, то ест, утврдени во верата во Него и подобни на Петар, Јаков и Јован, и пред сè, на оние кои се слободни од нашето природно понижување. Затоа, и имено заради тоа, Бог Се јавува на гората, од една страна слегувајќи од Својата височина, а од друга – изведувајќи нè нас од длабочината на пониженоста, така што, Несместливиот навистина се сместува во смртна природа; и таквото јавување, секако, неизмерно го надминува и е повисоко од умот како направено од силата на Божествениот Дух.

И така, Светлината на Преображението Господово не се раѓа и не исчезнува, и не е подлежна на сетилната способност, и иако можела да се види со телесни очи во тоа кратко време, и на незначајниот врв на гората, но и тајниците (учениците) на Господа, во тоа време преминале од плот кон дух, преку изменувањето на чувствата, преобразено во нив од Духот, и на тој начин виделе, со што и колку ги облагодатила силата на Божествениот Дух – таа Неискажлива Светлина. Оние пак, кои не можат да го сфатат тоа, измислиле дека избраните од апостолите ја виделе Светлината на Преображението Господово со сетилна и создадена сила (способност), – и преку тоа се обидуваат да ја сведат на твар, не само таа Светлина, Славата Божја и Царството, но и Силата на Божествениот Дух, преку која на достојните им се откриваат Божествените тајни. Веројатно, таквите не ги слушнале зборовите на апостол Павле: „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние кои Го сакаат. А нам, пак ни го откри тоа преку Својот Свет Дух: зашто Духот испитува сè, па дури и длабочините Божји“ (1 Кор. 2, 9-10).

По настапувањето на осмиот ден, Господ, земајќи ги Петар, Јаков и Јован, се искачил на гората да се помоли: зашто Тој секогаш или се молел сам, оддалечувајќи се од сите, дури и од самите апостоли, како на пример, во она време, кога наситил со пет леба и две риби пет илјади луѓе, без жени и деца (Мт. 14, 19-23), или, земајќи со Себе само неколкумина, кои ги надминувале останатите, како што било при приближувањето на спасителните страданија, кога им рекол на останатите ученици: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам“ (Мт. 26, 36), – ги зел со Себе Петра, Јакова и Јована. Така и сега, земајќи ги само нив, Господ ги возвел на високата гора сами и се преобразил пред нив, то ест, во нивните очи. „Што значи – се преобрази?“, – прашува Златословесниот Богослов (Златоуст) и одговара: „им открил нешто од Своето Божество – онолку, колку што можеле да примат, и им Го покажал во Себе присутниот Бог“. Евангелистот Лука вели: „И кога се молеше, видот на лицето Негово се измени“ (Лк. 9, 29), кај евангелистот пак, Матеј, читаме: „и се просвети лицето Негово, како сонце“ (Мт. 17, 2). Но, Евангелистот го кажал тоа не во смисла, за таа Светлина да се смета опиплива за сетилата (да се оддалечи од нас ослепеноста на умот на оние, кои не можат да си претстават ништо повисоко, од она што им припаѓа на чувствата!), а сакајќи да покаже, дека Христос Бог – за оние кои живеат и гледаат со духот е истото, што и сонцето – за оние кои живеат во тело и гледаат со сетилата: зашто друга Светлина за гледање на Божеството и не им е потребно на оние, кои се обогатени со Божествени дарови. Им засветлила таа Неисповедлива Светлина и таинствено им се јавила на апостолите и таинствено им се јавила на апостолите и првиот од пророците, кога (Господ) се молел; со тоа било кажано, дека мајката на ова блажено видение била молитвата, дека блескањето се случувало и се јавило од соединувањето на умот со Бога, и дека тоа им се дава на сите, кои, при постојано упражнение (практика, вежба) во подвизите на добродетелта и молитвата, го устремуваат својот ум кон Бога. Вистинската убавина, му е својствено да ја гледа само на очистениот ум; оној пак, кој усрдно гледа на неа, како да прима некое учество во неа, како да нацртува некаков светол зрак на своето лице; затоа и лицето на Мојсеј се просветлило од разговорот со Бога. Знаете ли, дека Мојсеј се преобразил, кога се искачил на гората, и таму ја видел Славата Божја? Но тој (Мојсеј) не го произведил самиот, туку претрпел преобразување; А Господ наш Исус Христос, Самиот од себе ја имал таа Светлина. Од таа причина, соптствено, Тој и немал потреба од молитва, за да го осветли телото Свое со Божествената Светлина; но само покажал, од каде таа Светлина слегува на светителите Божји, и како истата може да се созерцава; зашто е напишано, дека и светите „ќе засветлат, како сонце“(Мт. 13, 43), то ест, целосно проникнати од Божествената Светлина ќе го видат Христос, Кој Божествено и неискажливо засветлил, кај Кого блескањето, произлегувајќи од Божествената природа, се јавило на Тавор заедничко и со телото Негово, заради Ипостасното единство.

Ние веруваме, дека Тој јавил во Преображението, не некоја друга светлина, но само онаа, која била сокриена во Него од завесата на телото; таа Светлина била Светлината на Божествената природа, затоа и Несоздадена, Божествена. Така, и по учењето на отците кои богословствуваат, Исус Христос се преобразил на гората, не примајќи ништо, и не изменувајќи се во ништо ново, што претходно немал, но покажувајќи им го на учениците Свои само она, што веќе било во Него, отворајќи им ги очите и правејќи ги од слепци, во луѓе кои гледаат. Гледаш ли, дека очите, кои гледаат по природа, се слепи во однос на таа Светлина?

Така, таа Светлина не е чувствена светлина, и оние кои ја виделе, не ја виделе со сетилните очи, но изменети со силата на Божествениот Дух: тие се измениле, и само на тој начин ја виделе промената, која се случила при самото примање на нашето бреме, обожено од соединувањето со Словото Божјо. Оттука, Онаа Која зачнала и родила чудесно дознала, дека Родениот од Неа е воплотен Бог; и Симеон, само што  го примил тој Младенец во рацете; и старицата Ана, која излегла на сретението – зашто Божествената сила светкала, како низ стаклена обвивка, сјаејќи за оние кои имаат чисти очи на срцето.

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено. Што е толку големо и таинствено во покажувањето на чувствената светлина, кој во изобилство ја имале тогаш не само избраните, но и останатите апостоли? Која била потребата за нив, од изменување на нивните очи, со силата на Духот, за созерцание на таа Светлина, ако таа е чувствена и создадена? Како може Славата и Царството на Отецот и Духот Свет да се претставува во некаква чувствена светлина? Зарем во таква Слава и Царство ќе дојде Христос Господ на крајот на вековите, кога нема да има потреба ни од воздух, ни од простор, ниту од нешто слично, но кога, според сведоштвото на апостолот, „Бог ќе биде сè во сите“ (1 Кор. 15, 28), то ест, ќе заменува сè за сите? Ако сето тоа, следствено е светлината. Оттука се гледа, дека Светлината Таворска била Светлина Божествена! И евангелистот Јован, научен од Божественото Откровение, јасно вели, дека идниот вечен град кој ќе дојде, нема да има „потреба од сонце и месечина, да светат во него: Зашто Славата Божја ќе го просвети, и светилник ќе му биде – Агнецот“ (Откр. 21, 23). Зарем не е јазно, дека тука тој го покажува Истиот Исус, Кој сега на Тавор Божествено се преобразил, и Чија плот светела како светилник, кој ја јавил Славата на Божеството на оние кои се искачиле со Него на гората? На ист начин и и за жителите на тој град, богословот вели: „и не ќе имаат потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Бог ќе ги осветлува: и ноќ нема да има“. (Откр. 22, 5). Но, каков е, прашуваме, другиот свет, која „нема промена, или сенка од измена“ (Јак. 1, 17)? Каква е непреложната и незаодната светлина, ако не Светлината на Божеството? Притоа, Мојсеј и Илија (а особено првиот, кој јавно присуствувал со духот, а не со телото) со каква чувствена светлина би можеле да бидат осветлени, видливи и препознати? Зашто и за нив е напишано: „Па кога се јавија во слава, тие зборуваа за Неговата смрт, со која требаше да заврши во Ерусалим“ (Лк. 9, 31). И како поинаку апостолите би можеле да ги познаат тие, кои никогаш претходно не ги виделе, ако не преку таинствената сила на Божествената Светлина, која ги отворила нивните мисловни очи?

Но, нема да го оптеретуваме вашето внимание со понатамошни објаснувања на зборовите од Евангелието. Ќе веруваме онака, како што нè научиле истите оние, кои биле просветлени од Самиот Христос, бидејќи само тие го знаат тоа добро: зашто тајните Божји се познати, по зборовите на Пророкот, само на Бога и на Неговите блиски. Ние пак, разбирајќи ја тајната на Преображението Господово, по нивната поука, и самите ќе се стремиме кон озарувањето на таа Светлина и ќе ја загреваме во себе љубовта и стремежот кон Неовенливата слава и Убавина, очистувајќи ги духовните очи од земни помисли и оградувајќи се од тлените и мимоидните сладости и убавини, кои ја помрачуваат облеката на душата и фрлаат во геенскиот оган и крајната темнина, од кои, да се ослободиме преку озарувањето и познанието на Невештествената и Присносушната Светлина, на преобразениот на Тавор наш Спасител, во Негова Слава, и Предвечниот Негов Отец, и Животворен Дух, на кои припаѓа Единствената Светлина, Единственото Божество, и Слава, и Царство, и Сила, сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин!

 

Извор: МПЦ-ОА

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная