Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа, надвор од Црквата и нејзината Евхаристија, Епископот нема идентитет, и не постои како Епископ, но и Црквата не може да го оствари своето литургиско постоење без Епископот, кој ја возглавува.
Епископот излегува од својот манастир, каде што го научиле дека местото на срцето е последното место на кое седнуваш доброволно, станувајќи им слуга на сите; дека вистинскиот живот е оној кога умираш за другите да живеат, и дека критериум за сѐ и мерката според која мериш сѐ, а особено себеси, е Богочовекот Христос. Затоа, кога свети Игнатиј Богоносец вели дека Епископот седи на место и во обличје Христово, тој сака да каже дека тоа место не е позиција на власт и моќ, туку пред сѐ, Голготското место и место на Крст и страдање, а обличјето Христово е обличје на слуга, кој доаѓа да служи, а не да му служат.
Епископот го иконизира присуството Христово во Црквата, бидејќи налик на Него е кроток и смирен по срце, го мрази гревот, а го љуби грешникот. Неговите зборови изгонуваат секаков сомнеж и му објавуваат на светот дека Христос навистина воскресна. Тој зборува за Христа, живее за Него и умира за Него. Го молам Великиот Архиереј, Единородниот Син Божји Исус Христос, и мене недостојниот да ми подари такво епископство...
Викарен Епископ Јаков Стобиски
26ти ноември 2019 лето Господово
Избор од фб профил на