логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020 10:56)

3.angeli.so.truba

Постои разлика во дефиницијата на депресија, т.е. очајание, од аспект на христијанската психотерапија во однос на модерната психологија. Од овој аспект, црно-бело кажано, секој момент надвор од молитва е очајание, односно депресија.

Но, непрестајна благодатна молитва имаат само обожените. Како тогаш да го избегнат очајанието оние кои имаат аскетска умно-срдечна или оние кои имаат само обична, усна или умна молитва? Затоа што, според претходната екстремна дефиниција, времето поминато надвор од молитва се смета за очајание.

Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го слушаат својот духовен отец; а оние кои се во подвиг на просветлување на својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва, се во соодветно прилагодено послушание кон Црквата, кон Епископот на локалната Црква, односно кон јасно познатата Божја Волја.

Соодветното послушание (според степенот на духовниот развој), како што веќе знаете, ја активира благодатта Божја на Крштението и нѐ води низ степените на духовниот развој, а нѐ ослободува од нечистиот дух на очајанието, односно депресијата. Сѐ што е надвор од подвигот на послушанието влегува во областа на очајанието.

Ова е опис за очајанието, т.е. депресијата, од гледна точка на христијанската психотерапија, за природниот начин на живот. Додека, пак, кога говориме за очајание, т.е. депресија, во областа на противприродниот начин на живот (невроза или растројство на личноста), од аспект на христијанската психотерапија, мислиме на сосема друг, лош квалитет на живот и сосема друг вид очајание, т.е. депресија.

Генералната состојба на оние кои го живеат противприродниот начин на живот е веќе депресија, т.е. очајание, само што тие не се свесни за таквата состојба. Таквите ги карактеризира живот на бегство од реалноста и тие не знаат дека дури и еуфоријата е очајание. Кога таквите веќе ќе забележат и ќе почнат да говорат за депресија, тогаш најчесто веќе се случило отстапување на Божјата благодат од нив и светлината на животот што таа ја носи, а што е поврзано и со демонски напад. Дотука говориме за егзогена депресија како реактивна состојба, без физиолошка основа на страдањето. Постои и ендогена депресија, каде што причините за болеста се претежно физиолошки. Но, за сето ова другпат.

Основното нешто со кое некој, кој верува во Бог, би ја започнал борбата против депресијата, т.е. очајанието, колку и ситацијата да изгледа тешка, е животот со надеж – на дело. Таков начин на живот гледаме кај болниот човек од бањата Витезда. Гледаме триесет и осум годишно трпеливо чекање, со надеж дека, сепак, ќе се појави Човек кој ќе го спушти во бањата, откако ангелот ќе ја раздвижи водата.

Трпение, со надеж на дело, може да постои само таму каде што при конкретно искушение доволно успешно функционираат петте контролни точки: прифаќање на она што се случува, благодарење за тоа – без оглед што е, себеосудување, непокажување, како и молитва – но не против искушението, туку како градење заедница со Бог.  

Штом Христос се воплотил и се поистоветил со нас, тогаш нема причина за очајание. Тој секако се појавува во нашиот живот; и тоа повеќепати. Наше е само да ја препознаеме посетата.

Богочовекот Христос, индиректно нѐ посетува многупати, преку луѓе и случувања. Самиот Тој има кажано: „...ако на еден од овие Мои мали браќа им направите, Мене сте Ми направиле“. Затоа, средбата со секој човек во нашиот живот е дар Божји и средба со Него. Истото важи и за сѐ што се случува, а е поврзано со нашиот живот; и тоа е знак од Него.

Постојат и директни Негови посети, кои директно го засегаат нашиот живот. Само да гледаме да не е тоа болест и несреќа, односно „посета од неволен вид“ поради нашите гревови, туку да предизвикаме, преку подвиг на послушание, посета од волен вид – како растење низ степените на духовниот развој; а совршено како несоздадена Божествена светлина. „Посета од неволен вид“ е, всушност, кога Бог се повлекува заедно со Својата благодат и го остава човекот сам да се снаоѓа во светот, затоа што тој претходно на дело или со збор се одрекол од Него; сѐ додека повторно не Го побара. Но, тоа не е казнување, тоа е самоказнување.

И, да се вратиме кај исцелениот. Оние што не го разбираат духот на Новиот Завет, односно дека нема нешто создадено а да е посвето од човекот, му велат: „Сабота е и не треба да ја земаш својата постелка!“ Но, тој им одговори како некој кој веќе има освестен подвиг во послушание: „Оној што ме излекува, ми рече: ’Земи ја постелката своја и оди!‘“

Христос Воскресе!

Митрополит Струмички Наум

 http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7281

TVITer2

 9ти мај 2020лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная