логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba


Проповед  изречена во Манастирот "Успение на Пресвета Богородица",Берово  на 28.08.2020 год. на празникот на Нејзиното сечесно Успение
Игумен на манатирот  о. Фотиј


...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен гест или мимика, на тој што мислите дека ви прави лошо,ќе ја растури вашата врска или вашиот сојуз, вашето синовство со Бога.Мајката Божја е таа што ги поправа тие односи.Само заради Нејзината милост, заради Нејзината добрина, човечкиот род го има она што денеска го имаме. Црквата и сето тоа што го има, и сите дарови што ги добиваме ние преку Бог е заради мајката Божја.Нели е Таа, ние ништо нема да добиеме бидејќи сме преполни со гревови, преполни со престапи,си мислиме дека сме праведни,си мислиме дека сме исполнети со добрина,а исполнети сме само со прашина и со пајажина како варосани гробови.Однадвор убави одвнатре празни и без никаква вредност. Христос и Богородица се тие што на нашиот живот му даваат вредност. Да не беше Богородица ќе немаше смисол нашиот живот.Таа го препозна зборот Божји,Таа го исполни зборот Божји,Таа го роди зборот Божји.И затоа на крајот од својот живот таа и воскресна.Бог ја воскресна својата мајка како најпрва исполнителка на Неговиот збор. Не дека му е мајка туку дека е исполнителка, таа што го исполнува во целост зборот Божји.Никогаш, во ниту еден момент Таа нема направено беззаконие кон Бог.Иако е мајка на самиот Бог, никогаш како што велиме ние “ не фатила врска” таму. Туку сето тоа преку својот живот го исполнила.Така тоа се очекува и од нас. Кој колку може.Да се потруди, како што се вели, барем пет минути од својот живот, од својот ден, од своето слободно време да посвети на Бога.Да каже збор два на Бога и Бог да му одговори.

3.angeli.so.truba


Успението на Пресвета Богородица е завршеток на целиот спасоносен план што Бог го промислил за човечкиот род. Апостолите се земени на облаци да дојдат на погребението Нејзино. И да влезе Тома повторно, кој вие го нарекувате неверен а тој е всушност верен, само испитува, да види дека нејзиното тело во Гетсиманија го нема.Тој е сведок дека нејзе ја нема во гробот.А тие што ја погребале знаеле дека таму ја ставиле. Што бидна со Христос бидна и со Неговата мајка. Но не заради тоа дека Таа е Негова мајка, туку дека е најпрвата, најсигурната наша заштитничка, наша застапничка но и најголема исполнителка на зборот Божји во целост со својот живот. Целиот Нејзин живот е исполнет само со добрини. Во ниту еден момент не кажала прекор, збор со прекор кон некого. И кога доаѓате да и се помолите, ја молите и за себеси и за сите други. Не само за себеси. Молитвата секогаш треба да биде исправена кон Бога за другите, не за вас. За вас Господ знае што да ви даде. За другите вие не знаете и затоа го молите Господ да даде милост за сите нас. Ако се молите себично и индивидуално ништо не добивате.

3.angeli.so.truba


Со Богородица е поврзано едно чудо што се случило во еден од манастирите. Игуменот на манастирот прашувал а Богородица одговарала. Господ Христос и рекол: не одговарај мајко. Таа одговорила: морам синко зошто нив им треба нашата помош. Значи дијалогот помеѓу Неа и Бог е во тоа прво лице што ние треба да го имаме. Господи дај ми ама и јас да дадам а не Господи дај ми а другите да немаат. Богородица во ниту еден момент тоа не го направила.Иако ние можеме да замислиме такво нешто,за нас да има а за другите да нема. Примерот на Богородица како најсветол во нашата историја на човештвото треба секогаш да го чествуваме и да го пазиме како денеска што го правиме. Да не отстапиме од тоа прославување, бидејќи единствената застапничка пред Бог е само Таа.Ниту еден светител не може да го направи тоа што Таа може да го направи...за нашиот живот, за нашите дела да бидат осветлени, исперени, променети .Секогаш кога нам ни е најтешко ние Нејзе ја бараме...Мајката Божја..не бараме никој друг, зошто Таа ни приличи на мајката наша каде секогаш сме наоѓале закрила и заштита. Затоа и природно е да бараме од Нејзе таа да се застапи пред Бога за нас. И така, целиот наш живот да биде исполнет со тоа што таа го правела и ние да го правиме.


Милоста Божја и благословот на Пресвета Богородица да биде секогаш со сите вас.


Амин

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

Подготви: Симеон Стефковски

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1129
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1257
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1127
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…