логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Митрополит Струмички Наум


Потсетник (06.10.2021 17:28)


„Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а е ништо, тој се мами самиот себе.“


Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само од човештвото – како целина, туку и од самата Црква. И перспективата што произлегува од таа отцепеност безуспешно се обидуваат да ја наметнат како теолошко-сотириолошки критериум; согласно кој, да не должам, само тие се правоверни и праведни, и само тие ги бранат верата и Црквата.
Очигледно, воопшто не сфаќаат дека и тие самите се активни учесници во злото од овој свет. На пример: сите тие купуваат гориво за автомобилите, т.е. плаќаат користење на некаков превоз на истото и, во својата заблуда, сосема забораваат дека тие со свои пари ги плаќаат сите минати, сегашни и идни војни за тоа гориво, како и сите убиства и злосторства во тие војни.
Ова се однесува буквално за сето она што човек го плаќа и купува денес! Затоа што, за сето тоа што го плаќаме и купуваме треба некој превоз, има некаква борба со конкуренцијата за монопол; во таа борба се користат многу валкани средства – поткуп, криминал; злоупотреба на политичка власт, на банки, на социјални мрежи и сл.; во таа борба има многу лични и семејни трагедии; да не зборуваме за злоупотребата и неплаќањето на работната сила и многу друго... И сето тоа ние го плаќаме, дури и однапред. Со еден збор: сите ние сме соучесници во злото.
Сега да ве прашам, кој нормален од нас може да помисли дека е чист од овие гревови? И кој нормален може да помисли дека е спасен поради својата праведност? Просто, таков е начинот на организираниот живот и таква стана нашата поврзаност со гревот низ вековите.
За некој да се смета себеси за чист од гревот во овој свет би требало да нема никаква врска со овој свет, т.е. да живее надвор од него; надвор од целиот воспоставен општествено-економски систем, а не уште да е и вмрежен на социјалните мрежи. Да се претставуваш денес како христијанин – бранител на верата, а да немаш чувство дека активно учествуваш во гревот на овој свет, е голема прелест, да не речам висок степен на демоноопседнатост!
И да беше само тоа. Ние, христијаните, од чувството, од доживувањето на соборноста, на единството со сите луѓе, требаше да знаеме, ако ништо друго, дека учествуваме и во вината на сите гревови на нашите ближни, во вината за сето зло што можете да го замислите дека се случува во овој свет. А, ако бевме личен пример за вера, за љубов, за молитва, за подвиг, за добри дела, сигурно многу помалку зло ќе имаше во светот отколку сега. Ама не сме, и светот е таков каков што е. И овој наш грев требаше да го освестиме и за него да се покаеме.
Значи, ем живееме во овој свет и автоматски учествуваме во неговото зло, ем не сме некаков пример на вера, на љубов, на молитва, на подвиг, на добри дела, со еден збор – на светост. Така, основна наша карактеристика требаше да биде смиреноста, а не – запалената крв.
Сфаќаме ли сега, ако не сме душевно болни, дека нема ништо од нашата праведност? Само милоста Божја нѐ прави и чисти, и правоверни, и спасени, иако самите по себе не сме. А Божјата милост, на дар, ја добиваме внатре во Црквата, каде што се причестуваме со пречистите Тело и Крв Христови. Гледате? Не ние ја спасуваме Црквата, туку Црквата нѐ спасува нас.
Да забележевме од смирениот однос на денешните „бранители на верата“ свесност дека нивниот грев произлегува од современата општочовечка поврзаност и системска вмреженост, како и од соборната одговорност, ќе им поверувавме и дека стварно се загрижени за чистотата на верата. Ама тие, иако обични грешни луѓе, се поставуваат како надлежни судии, и се фаќаат за небитни или претпоставени или непостоечки проблеми, па дури и за реални проблеми, но кои си бараат соодветен начин на третман, и правејќи поделби во Црквата, не разбираат дека и човечки души збркуваат и духовно убиваат. Целта на демоните е што повеќе да ја расцепкаат и ослабат христијанската заедница пред конечната пресметка, а ваквите „бранители на верата“ токму тоа им го овозможуваат. Така што, нека простат, ама нема да им веруваме.
И гледате ли сега, колку се помали актуелните искушенија во однос на гревовите за кои сме одговорни и за кои треба да се покаеме? Настрана вината и за актуелните искушенија.


Пресвета Богородице, спаси нас!


Митрополит Струмички Наум

 

Извор: МПЦ-ОА



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная